Што да се понесе на летување

471

Кога размислуваме за летен одмор, постојат неколку парчиња облека кои дефинитивно треба да ги имате со вас, а костимите за капење се на прво место. Еве листа на она што ќе ви треба.

За почеток, костим за капење! Секоја сезона изборот е сѐ поголем и поголем. Без разлика дали сакате едноделен со испишани пораки, кои се голем хит ова лето или сте сепак класичен тип – колку помало бикини толку подобро, high street брендовите се на вашата страна.

Секогаш е препорачливо да се избере шарен костим со цветен или популарен овошен дезен, а белите костими за капење ќе изгледаат совршено на потемнета кожа. Земете со вас барем два костими за да можете да ги менувате и секогаш ќе имате еден сув на дофат на раката.

loading...

Ако поминувате поголемиот дел од времето на брод и ги обиколувате градовите и уште поубавите острови, Ви препорачуваме да земете кратки тексас шорцеви, кои лесно ќе ги облечете преку бикини и во секунда ќе имате outfit за попладневна забава на палуба.

via GIPHY

За лежење на палуба не заборавајте да се заштитите од штетните сончеви зраци. Дамките од кремата за сончање се најголемиот непријател за летната облека и на тоа треба да му се стави крај! Ова лето, не мора да се откажете од вашата омилена маица или фустан благодарение на иновативната формула на некоја од заштитните креми за сонце.

Следни на модната листа се капите – за глава и тело. Оваа сезона, хит се кимоното и кафтаните во разни бои, должини … А најдоброто нешто од сѐ е дека лесно се пакуваат. За прошетка низ град, врзаното кимоно може да “глуми” фустан, а со високи потпетици подготвени сте за прошетка. Сламената шапка никогаш нема да излезе од мода, а колку е поголема – толку е подобро! Затоа опуштете се!

После тоа, ќе ви бидат потребни удобни чевли, а на бродовите и едрилиците, најубаво ќе личат еспадрили. Не заборавајте на апостолките за плажа, а тенис патиките добро ќе ви дојдат ако планирате да одите на прошетка во природа.

Кога станува збор за додатоци, одлучете се за голем метален накит кој ќе ја потенцира со сонце потемнетата кожа или “statement” обетки.

Најважниот додаток на летување секако се – очилата за сонце! Од огромниот избор во продавниците можеби ќе ви се заврти во глава. Во тој случај најдобро е да изберете класични очила – пилотки или vintage очила со тркалезни рамки.

За да бидете подготвени за секоја ситуација, не заборавајте на палто или мантил, а за среќа, тие во последните неколку години изгледаат подобро од било кога.

loading...