Што да се јаде во март | Искористете намирници кои се еликсир за здравјето

1118

Стигна и месецот март, се ближи мирисот на пролетта и долгите зимски денови остануваат зад нас.

Помалку сме уморни, ни треба освежување, а некои имаат и килограм од повеќе, така што март е вистинско време за промени и подготовки за летото.

Март е прилично специфичен месец. Во чизми и капути ни е топло, а во јакни и чевли сѐ уште ладно. Исто е и со намирниците. Резервите на зимница се при крај, а свеж природен зеленчук и овошје се уште нема.

Неизбалансираната исхрана во текот на зимата остава трага на секое тело. Сите се заситуваме од богатите и обилни оброци поради што едноставно чекаме рано и свежо овошје и зеленчук.

Меѓутоа, според мислењето на нутриционистите, март е месец во кој мораме да се стрпиме. Пред се треба да се искористат намирниците кои ни останале од зимскиот период. Целосно е бесмислено да се јаде туршија во мај кога пазарите се полни со свеж сезонски зеленчук.

Од останатите намирници користете моркови, цвекло, целер, тиква, лук… Секако, тука е и мешункастиот зеленчук, гравот, леќата, леблебијата и грашакот.

Со компирите бидете внимателни, бидејќи во овој период обично веќе е изртен и полн со соланин кој е токсичен, препорачуваат нутриционистите.

Преостанатите јаболки и круши можете да ги дополните со суво и јаткасто овошје, како и умерена употреба на јужно овошје.

Кон крајот на март не го пропуштајте вистинскиот еликсир за здравјето – дивиот лук. Ќе го најдете на пазарите, но уште подобро ако можете да отидете некаде во природа и сами да го наберете.

Со ваква исхрана ќе го растоварите телото, ќе го зајакнете имунитетот и ќе се подготвите за свеж летен изглед.

loading...