Што е забрането да се јаде ако имате чир на желудникот или гастритис

4250

Се што ви треба да направите е да избегнувате одредена храна што ја поттикнува болката, а во другата да уживате.

Ако зборуваме за исхраната баменета за оние што имаат чир и гастритис, подразбираме правилен план за исхрана и избегнување на храна која го иритира стомакот и го поттикнува формирањето на стомачната киселина.

Ако сметате дека симптомите се влошуваат после јадење, најверојатно сте во право, бидејќи одредени видови храна во голема мера може да влијаат на болки во стомакот, пишува drugs.com. Иако вашиот лекар ви препорачува како да се храните, сами треба да внимавате за комбинацијата на храната и од менито да ја ифрли сета храна што предизвикува киселини, абдоминална болка или лошо варење.

“Ако зборуваме за храна која создава чир и гастритис, пред се мислиме на правилна исхрана, да се избегнуваат намирници кои ги иритираат желудникот и поттикнува формирање на киселини.”

Која храна треба да се избегнува?

Сите намирници не предизвикуваат иста реакција кај сите луѓе, па пред сè ќе треба сами да научите што го иритира вашиот стомакот. Зачините како пиперката создава киселини кои можат да предизвикаат болен напад.

Во продолжение ќе откриете која храна треба да се исфрли од менито, или барем да се намали нивниот внес.

1. НАПИТОЦИ

  • Топло какао и газирани пијалаци
  • Полномасно млеко и чоколадно млеко
  • Чај од нане
  • Обично кафе и она без кофеин
  • Црн и зелен чај – со или без кофеин
  • Алкохолни пијалаци
  • Сокови од портокал и грејп

2. ЗАЧИНИ

  • Бибер – црн и црвен
  • Лук во прав
  • Чили во прав

3. ДРУГИ НАМИРНИЦИ

  • Млечни производи направени од полномасно млеко
  • Зачинет или луто сирење
  • Зачинета месо како што се колбаси, салами, сланина
  • Лути пиперчиња
  • Лук или кромид
  • Производи од доматот

Што смеете да јадете?

Здравата храна и свежите намирници секогаш се добар избор. Овошјето, зеленчукот, житарките и млечните производи со мала содржина, ни и кафеавиот ориз нека бидат дел од вашата исхрана. Обидете се што помалку да употребуивте сол во храна, користете маслиново масло и што е најважно, разговарајте со експерт и слушајте го вашето тело.

Од другите совети, би било добро да се знае дека не е мудро да се јаде пред да одите на спиење, а на вашиот организам ќе му одговараат мали оброци поделени во текот на денот.

loading...