Што за вас зборува положбата во која спиете

19014

Дали сте знаеле дека начинот на кој спиете во многу зависи од вашиот карактер?

До овие тврдења дошол англискиот невропсихијатар Крис Изиковски откако го проучил однесувањето на илјадници доброволци во текот на спиењето.

Позите на спиење ги поделил во шест најчести, кои сведочат за одредени карактерни црти.

Положба на фетусот | Вие не сте доволно сигурен во себе

loading...

Лежите на една страна, колената ви се собрани и повлечени према градите, рацете склопени пред лицето. Оваа положба е именувана по позицијата на бебето во утробата на мајката. Професорот Изиковски смета дека жените обично спијат во оваа поза, пред сѐ за време на менструалниот циклус, кога чувствуваат слаби или силни болки во стомакот.

Значење: Оваа поза обично ја заземаат несигурни луѓе стремејќи да се здобијат со сигурност која фетусот ја има во утробата на мајката.

Здравје: Со цел да се одморите целосно во оваа поза, експертите препорачуваат да користите подебела перница, тогаш главата и ‘рбетот да ви бидат на едно ниво, во спротивно, ќе се потпирате само на рамениците.

Положба на прачка | Воздржани сте

Свртени сте на една страна, телото ви е испружено. Иако оваа положба не е најудобна, многумина најчесто спијат во неа.

Значење: Ако спиете на ваков начин, значи дека сте помалку крути и роб на вашите навики. Затворени сте и воздржани. Можеби сте натоварена со премногу одговорност, напнати сте дури и кога спиете.

Здравје: Имајте во предвид дека оваа позиција е непријатна, а со цел да ја задржите рамнотежата на телото, премногу ги оптоварувате рамењата и ‘рбетот.

Свиткани во лак | Вие сте срамежлива

Лежите на страна, нозете ви се испружени, додека грбот ви е свиткан кон напред. Оваа положба обично ја користат оние кои ‘рчат, на тој начин полесно дишат.

Значење: Оваа позиција укажува на тоа дека често се наоѓате во конфликт со себе. Сакате во животот да покажете поголема иницијатива, но ве кочи вродената срамежливост. Често се плашите да ги изразите своите желби до крај.

Здравје: Оваа поза може да биде штетна по здравјето, бидејќи вашиот грб е под постојана тензија. Најдобро би било да ставите перница помеѓу бутовите и така грбот ќе го ослободите од притисокот.

На грб | Отворена сте

Легжите на грб, главата ви е зафрлена на едната страна, рацете испружени покрај телото. Војничката поза е слична на онаа во јога, кога станува збор за длабока медитација. Оваа поза природно ја заземаат оние кои страдаат од тешки главоболки, бидејќи ја намалува болката.

Значење: Отворени сте, но имате прецизна визија за светот од кој не се откажувате. Одговорни сте и одите право кон целта, но понекогаш од себе барате премногу. Простете си понекоја грешка и посветете си повеќе време.

Здравје: Оваа позиција е совршена за грбот, го држи ‘рбетот прав. Би било добро перницата да ја подметнете под колената затоа што целосно ќе се опуштите.

На стомак | Бегате од реалноста

Успевате да заспие само ако легнете на стомак. Позицијата на лет или на слободен пад обично ја заземаат оние кои страдаат од болки во долниот дел на грбот.

Значење: Ако спиете во оваа позиција, одбивате да се соочите со реалноста и не сте сигурни.

Здравје: Оваа положба е штетна за вратот и вилицата. Експертите препорачуваат да ја прегрнете перницата и да се свртите настрана.

Положба на морска ѕвезда | Самоуверени сте

Лежите опуштено на грб со раширени раце и нозе. Оваа позиција се нарекува морска ѕвезда и им одговара на оние кои страдаат од болки во грбот, бидејќи ја намалува мускулната тензија.

Значење: Отворени сте и живеете во согласност со сопствените убедувања. Сигурни сте во себе. Треба повеќе да обрнете внимание на луѓето околу себе.

Здравје: Дигнатите раце им штетат на рамениците бидејќи создаваат грч, а дијафрагмата е напната. Обидете се рацете да ви се покрај телото и длабоко дишете пред да заспиете.

Споделете со вашите пријатели … !!!

loading...