Што има во козјото млеко, кое со магарешкото се смета за лек…

1032

Дознајте ги неговите лековити својства и пробајте козметика од козјо млеко, која, исто така, помага при дерматитис, егзема и псоријаза.

Со магарешкото, козјото млеко е најздраво! Неговите лековити својства, како и козметичките производи направени од него, се познати со векови. Легендата вели дека Зевс, врховниот бог на грчката митологија, како бебе, нимфата Мелиса го хранела со козјо млеко. Античките Грци го користеле како лек, додека старите Египќани го сметале за чувар на убавина, па затоа Клеопатра се капела само во него.

Со векови, тоа се смета за бело злато, еликсир за слаби и рахитични деца, тешки болни и реконвалесценти.

Идеално за бебиња

Бидејќи, составот е најмногу сличен на мајчиното млеко, тоа е извонреден имунолошки стимулатор и се препорачува со него да се хранат децата кои послабо се развиваат. Не предизвикува алергии и нетолеранција, па можат да го конзумираат и најмалите бебиња. Се вари 40 минути, во однос на два и пол часа, колку му е потребно на кравјото млеко. Богато е со олигосахариди, кои дејствуваат противвоспалително, а бидејќи не содржи лактоза, одн. млечен шеќер, ја регулира нарушената функција на цревата.

Од дамнешни времиња се користи за зајакнување на имунитетот, против анемија, во борбата против атеросклероза, како моќен лек за лекување на бронхитис и воспаленија, кашлица (вклучувајќи ја и магарешката), за зајакнување на белите дробови и против туберкулоза, а делува и антикарнцерогено.

“Лек” за брчки

Козјото млеко содржи висок процент на алфа-хидроксилни киселини, кои ги распаѓаат и ги отстрануваат мртвите клетки од површината на кожата. Но, тоа делува и длабински: благодарение на содржината на маснотиите во молекулите, има анти-воспалителни својства, па го намалува воспалението и инфекцијата и ја навлажнува и смирува сувата и оштетена кожа.

Освен што не ја сушат кожата, сапуните и хигиенските и козметичките препарати од козјо млеко не ги иритираат очите, не иритираат и не предизвикуваат црвенило, а при тоа целосно ја отстрануваат шминката, но не и водоотпорната.

loading...