Што може бебето да почувствува во стомакот?

8923
Booking.com INT

Кон крајот на првото тримесечие, односно во третиот месец од бременоста, се развива сетилото за слух. Уште тогаш можете на бебето да му пуштате смирувачка музика, која ќе го стимулира лачењето ендорфин и со тоа ќе го подобри расположението на бебето.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Во петтиот месец ќе можете да ги почувствувате реакциите на бебето на одредени звуци, како и неговите движења, кога ќе го слушне гласот на таткото.

Силните звуци можат да го уплашат бебето, затоа зборувајте нежно, за бебето да се чувствува безбедно и смирено. Ако дојдете во ситуација да морате да реагирате гласно, не грижете се. Некои експерти тврдат дека за бебето е добро да ги преживее различните емоции на мајката уште додека е во стомакот и дека тоа ќе му помогне подоцна подобро да се адаптира. во животот.

Бебето во стомакот може и да гледа, но не јасни слики.

При силна светлина тоа гледа портокалови и црвени сенки, како што гледате ако на сонце ги затворите очите. Во од четвртиот месец од бременоста бебето може да реагира на светло, така што ќе се сврти кон светлото или ќе се обиде да го избегне.

Бебето во стомакот ги чувствува вашите емоции.

Потрудете се да бидете смирени, со цел и бебето да биде смирено. Размислувајте позитивно. Ова е ваше заедничко единствено време и никогаш нема да се повтори на тој начин. Пробајте да го вклучите и таткото, со цел бебето да го запознае неговиот глас.

Движете се полека.

Вашите движења при една лесна прошетка, го успиваат бебето во стомакот. Кога ќе се роди бебето ќе го успиваат движењата, на кои е навикнато.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...