Што ни прават критиките, озборувањата и зборовите на ЛОШИТЕ ЛУЃЕ

1673

Со задоволство би ви ја раскажал приказната што Шри Шри Рави Шанкар ни ја кажа во една прилика кога бевме со него.

На прашањето како се носи со критиките, озборувањата и зборовите на одреден вид луѓе, тој рече, “да се однесуваме како ѓубраџии”, а ние сите отворивме очите и уши да слушнеме за што ќе зборува.

“Кога некој ќе ве пофали дека убаво пеете, свирите, рецитирате, танцувате или готвите, реагирате во зависност од тоа кој тоа го кажал.

Ако ве пофали вашето мало дете, тогаш тоа не е ништо толку многу важно и не го зимате премногу на срце, но ако ве пофали познат критичар, тогаш тоа е “многу битна работа”.

“А вие сте сè уште исти онакви какви што сте биле пред некој да ве пофали!”

На ист начин, кога некој ве обвинува дека немате поим како се пее, како се свири или танцува, дека стилот на облекување не ви е баш нешто … сето тоа зависи од тоа кој тоа ви го кажува.

Ако тоа го слушнете од вашето дете или најдобриот пријател, тогаш тоа “не е баш многу меродавно”, но ако тоа го кажува светски познат композитор, сликар или не дај Боже “моден мачор”, тогаш ситуацијата е грозна.

“А вие сте сè уште исти какви што сте биле пред некој да ве озборува!”

Она што другите ќе исфрлат пред вас, тоа е нивното ѓубре, а вие се фаќате за тоа ѓубре.

Не само што се фаќате за ѓубрето, туку и цврсто го прегрнувате и со години по него копате како вистински ѓубраџии.

Отфрлете го туѓото ѓубре и не обрнувајте внимание на него.

Вашиот живот е многу поважен од купот на туѓи ѓубришта.

Автор: Бранко Ловренчиќ

loading...