Што помага во намалување на одредени видови на болки

1369

Кога чувствуваме болка, понекогаш постои дилема дали да се одберат топли или ладни облоги, а многу од нас често грешат во изборот и ја влошуваат состојбата. Меѓутоа, постојат упатства кои во иднина ќе ги спречат грешките. 

Топлината е подобра кога станува збор за долготрајни и хронични болки, обично тие кои траат повеќе од шест недели. Артритисот доведува до трошење и оштетување на рскавицата и зглобовите, а во овие случаи се препорачуваат топли облоги, бидејќи топлината ги опушта зглобовите и мускулите.

Мразот е ефикасен кај болка предизвикана од свежи повреди и го намалува воспалението. Кога лицето има главоболка, болката се јавува во нервите и крвните садови во мозокот, а олеснување донесува примена на студени облоги, било да се работи за мраз или влажни пешкири.

loading...

Луѓето често прават грешка и користат студени облоги за да ја намалат болката што ја предизвикува вкоченост на вратот. Исправно е да се користат топли облоги за опуштање на мускулите.

Ако го стегнете мускулот или ги повредите тетивите, треба да нанесете студени облоги за да ја намалите болката и воспалението. Меѓутоа, кога ќе помине воспалението, мускулите можат да бидат затегнати, па за нивно опуштање треба да се користат топли облоги.

Слично е и при истегнување или кинење на лигаментите во зглобовите. Прво се користат студени, а потоа топли облоги.

Тендинитис е состојба на воспаление на ткивото кое ги поврзува мускулите и коските. Можете да си помогнете со нанесување на мраз.

Тендиноза е состојба на хроничен тендинитис во која тетивите се оштетени на клеточно ниво. Како што е случај со останатите хронични состојби, тука помага примена на топли облоги.

loading...