Што прави за вашето тело и дух – половина час шетање

752
Што прави за вашето тело и дух - половина час шетање

Половина час дневно веројатно го поминувате на интернет. Половина час го поминувате во сообраќајните гужви. Половина час не знаете што следно да направите. Ние имаме предлог – прошетајте. 

Каква корист имаме од половина час прошетка:

Ќе потрошите минимум 150 калории
Не звучи многу, но поради ефектот од шетањето на метаболизмот всушност забрзаното согорување се продолжува на неколку часа.

Ќе се чувствувате поопуштено
Без оглед на тоа дали сте одлучиле да се прошетате по градските улици или во природа, по половина час ќе се чувствувате релаксирано. Не мора да одите брзо, дајте си доволно време за лесна прошетка со своите мисли.

Ќе го намалите ризикот од проширени вени
Докажано е дека редовно шетање ја намалува појавата на проширени вени, но и болката ако веќе ги имате. Важно е само да носите удобни чевли.

Ќе го подобрите варењето на храната
По обилен оброк не легнувајте. Тоа е вистинско време за получасовна прошетка. Во тие 30 минути вашиот организам многу побрзо ќе го свари тешкото јадење, а ќе помогне на организмот да ги задржи сите тие добри нутриенти кои ви требаат. За енергијата и кондицијата и да не зборуваме.

Искористете ја прошетката за работи за кои инаку не наоѓате многу време
Додека шетате можете само да гледате наоколу и да размислувате, а можете да ја поканите пријателката која не сте ја слушнале долго или конечно да се јавите на забар и да закажете преглед.

Ќе ве инспирира на вежбање
Откако половина час прошетка од ден во ден ќе ви стане помалку монотоно, верувајте ќе посакате да направите повеќе. Не се чудете дека иако можеби никогаш не сте сакале да трчате, одеднаш ќе посакате наместо да шетата да го забрзате чекорењето. Впрочем, сега сигурно веќе имате многу подобра кондиција од тогаш кога за тие 30 минути сте седеле пред тв екранот.

loading...