Што се случува кога нарцисите ќе станат родители?

518

Се почесто се разработува темата, што да правиме со нашите нарцисоидни деца, но ретко се поставува прашањето, што се случува кога нарцисите ќе станат родители?

Нарцисоидните личности се шират како епидемија, со иста брзина, како и дебелината. Тоа се генерации, кои веруваат дека секогаш го заслужуват најдоброто, а немаат повпечатлив симбол на нивната самовљубеност од селфи манијата, пишува „Вашингтон пост“.

Нарцизмот се одликува со недостиг на емпатија, придавање преголема важност на самите себе си, постојана потреба за обожување од страна на околината.

Суетата и алчноста се во сржта на нарцисодината личност, вели Рамани Дурвасула, авторка на книгата „Како да преживеете врска со нарцис“.

Секако сите ние сме по малку нарциси, тоа е сосема човечки и всушност претставува развојна фаза кај младите. Проблемите се појавуваат кога нарцизмот почнува да влијае на нашата работа и меѓучовечките односи.

Нарцисите веруваат дека тие се посебни и дека заслужуваат подобар третмат, отколку останатите.

– Повеќето од нас престануваат да размислуват на ваков начин околу шестата година и не би смеело да ни се случи да бидеме такви и на 40 години, вели Дурвасула.

Меѓутоа, кога нарцизмот ќе опстане како одлика на личноста и во зрелото доба, се случува родителството да стане извор на фрустрации.

Децата не им го пружаат на нарцисите третманот, кои тие го бараат. „Ненахранетиот нарциза“ најчесто доведува до две реакции кај ваквите родители. Едните сосема губат интерес за своите деца и обожувањето почнуваат да го бараат на друга страна. Другите на своите деца гледаат како на сопствен одраз и почнуваат премногу да се внесуваат во родителството и претерано да ги контролираат децата.

Во двата случаи нарцисодините родители се емоционално оддалечени и во суштина студени.

Нарцисодните родители своите деца ги користат како средство за напредување. Успехот на детето е причина тие да се чувствуваат добро, па таково дете всушност станува нивен трофеј, вели Кит Кемпбел, професор по психологија од Униврзитетот Џорџија и експерт за нарцизам.

Родителите нарциси имаат високи очекувања од децата – ги притискаат да бидат успешни во спортовите, да се запишуваат на елитини факултети и да остварат кариера, која обезбедува висок статус. Тие веруваат дека нивните деца се посебни и дека заслужуваат вонредни прилики и привилегии. Не прифаќаат ништо, освен совршенство. На децата гледаат како на дел од себе, а кога очекувањата нема да им бидат исполнети, не им го даваат своето внимание и се отуѓуваат, појаснува Дурвасула.

Децата не се во состојба да излезат на крај со студениот и воздржан став на родителите. Потребно им е да почувствуваат безусловна љубов, за да се чувствуваат безбедни. Од тоа ќе зависи дали во животот ќе можат да воспостават здрави односи со другите, како ќе гледаат на себе и како ќе реагираат на стрес.

Кога во детството нема да се воспостави врзаност меѓу родителите и детето, последиците се доживотни.

Децата на нарцисите патат од серија психолошки проблеми. Почесто патат од депресија, анксиозност, недостиг на самоконтрола, пореметувања во исхраната, ниско ниво на самодоверба, пореметување на идентитетот, злоупотреба на хемиски супстанци и перфекционизам.

Не постои едноставна формула, со која може да се предвиди кој ќе стане нарцис или како детето ќе реагира на нарцисоидноста на своите родители. Освен воспитувањето важна е и улогата на генетиката и наследните црти на личноста. Според некои прелиминарни истражувања, помалку од половина од децата на таквите родители и самите стануваат нарциси, но засега нема доволно податоци, бидејќи генерацијата на нарцисоидни родители дури сега треба темелно да биде истражена.

– Едно е сигурно, децата на нарцисите во животот ќе страдаат од несигурност и сомнеж во себе, вели Дурвасула.

– Прашање е како тоа ќе го манифестираат?, додава таа.

loading...