Што треба да прашате на првиот состанок

936

За да не го губите времето со некој кој не ви одговара, експертите за двојки советуваат дека веќе на првиот состанок не заборавајте да ги поставете следните прашања.

Но, потрудете се разговорот да биде спонтан, за другата страна да нема впечаток дека сакате да се ослободите.

Уживаш ли во работата?

Секако, тешко е да се најде некој кој целосно е задоволен и со плата и со услови за работа. Но, врз основа на одговорите ќе дознаете дали лицето кое седи спроти вас е некој кој секогаш се жали и ништо не менува или е човек кој и покрај тежините, ја гледа добрата страна, а се труди да го надмине лошото.

Што правиш по напорниот ден?

Различни се начините за борба против стресот, одење на вежбање за да го исфрли бесот до дружењето со пријателите. Некој се повлекува во себе, некои утеха бараат во алкохолот. Во секој случај, овој одговор многу ќе ви ркаже за потенцијалниот партнер.

Колку време помина од твојата последна врска?

На овј начин ќе дознаете што бара другата страна – врска или авантура. Ако почне да ви раскажува за поранешниот партнер со кој неодамна раскинал, подобро да не се вплеткувате подлабоко.

Колку време траела вашата најдолга врска?

Луѓето кои никогаш немале врски подолги од три месеци, можеби навистина не ја запознале вистинската личност, но голема е веројатноста дека се егоцентрични, незрели, неподготвени за врзување. Затоа, бидете внимателни.

Што правиш за време на викендот?

Некои сакаат цел ден да се излежаваат во пижами, други да го чистат целиот стан, трети бегаат од домашните работи. Добро е вие и потенцијалниот партнер да бидете компатибилни по ова прашање за подоцна да не настанат конфликти.

loading...