Што ќе се случи со вас ако имате нередовен с…?

1410
Booking.com INT

Нередовен сексуален живот не е само суша на љубовен план и на сексуално подрачје, туку претставува и потенцијална причина за низа проблеми.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Запознајте се со нив и делувајте превентивно.

Бидејќи секојдневно сме бомбардирани со многу сексуални истражувања, најверојатно повеќето знаат дека сексот е добар за менталното и физичкото здравје на човекот.

Но, што се случува ако во вашиот сексуален живот сексот не е редовна појава?

И овој пат решивме да се потпреме на научни истражувања и да откриеме како на луѓето делува нередовниот секс. Судејќи според податоците, не е баш на арно.

Депресија

Ако сексот нè прави да сме посреќни, тогаш е многу логично дека неговото отсуство нè прави депресивни. Тоа го докажале научниците од Универзитетот во Флорида во минатогодишното истражување. Според нивните откритија, луѓето кои не уживаат во редовен секс (намерно или под сила на приликите) често запаѓаат во депресивно расположение, а колку епизодите на расположението се почести, толку е поголема шансата дека им се случи сериозна депресија. Целибатот, значи, не е пријател на менталното и емоционалното здравје на луѓето.

Инфаркт

Повеќе од 10 научни студии во изминатата деценија потврдиле дека редовниот и квалитетниот секс се поврзани со здравјето на срцето. Секоја физичка активност е важна за здравјето на срцето, но сексот носи многу предности, бидејќи, како што истражувачите појасниле, освен физичката активност, помага во лачење на ‘добрите’ хормони кои благотворно влијаат врз човековото здравје во целина.

Заклучокот на минатогодишното истражување на американските научници е всушност многу едноставен: колку човекот е активен во сексуалниот живот, толку е помала можноста да доживее срцев застој или срцев удар, бидејќи срцето станува посилно.

Неквалитетен сон

Нередовниот секс не е нужно одговорен за неквалитетен сон, но научно е докажано дека квалитетен и редовен секс значително го подобруваат квалитетот на спиењето. Поточно, хормоните кои се опуштаат за време и по секс, благотворно делуваат на телото, па човекот заспива во блажена состојба.

Благодарение на процесите во телото, подобро се одмара и телото убаво се обновува. Значи, ако ве мачат несоници, и се будите со темни кругови до подот, знаете што треба да правите 🙂 …

Недостаток на самодоверба

Освен физичкоto задоволство, објаснуваат психолозите, сексот го сакаме и затоа што се чувствуваме добро после него. Тие изјави ги потврдуваат и бројни студии. Иако не може точно да се објасни зошто редовниот секс ја зголемува самодовербата, се претпоставува дека тоа се должи на чувството на блискост и припаѓање кои сексот ги носи со себе.

Тоа се емоции својствени за секое човечко битие и сосема е природно сите да ги сакаат. Од друга страна, ако во животот на човекот нема доволно секс, голема е веројатноста дека ќе нема доволно доверба.

Слаба концентрација и лоши дневни резултати

Луѓето кои имаат редовен сексуален живот многу се поефикасни и на работа, потврдиле пред две години, холандски научници. Само затоа што хормоните кои се ослободуваат за време на секс, а кои имаат големо влијание врз човечката психа и здравје, полесно е да се постигне добра концентрација, а со тоа подобра ефикасност на работа.

Таквите резултати не биле забележани кај луѓето кои имаат нередовен сексуален живот. Напротив, концентрацијата кај нив била на многу пониско ниво.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...