Што ќе се случува во Куба по смртта на Фидел Кастро?

578

”Смртта на Фидел Кастро ќе ги забрза промените на Куба”, смета Симон Калдер, кој го напиша првиот независен водич по островот.

Симон Калдер ја посетил Куба во 1980 година и го напишал првиот независен водич по островот, а по смртта на Фидел Кастро, за Индепендет напиша што може да се очекува од развојот на настаните.

Смртта на Фидел Кастро, смета тој, ќе ги забрза промените во Куба. Меѓу некои Кубанци ќе има чувство на олеснување, бидејќи Фидел го сметаат одговорен за политичката и економската репресија на државата повеќе од половина век, но за повеќето Кубанци смртта на Фидел, ќе предизвика тага помешана со чудење – И што сега?

loading...

Под раководството на Фидел, потсетува Калдер, на Куба почнало искоренување на сиромаштијата и создавање на одлична здравствена заштита и образовен систем. Поради неговата политика зачуван е идентитетот на Куба, која поради својата неизгубена автентичност е во центарот на вниманието на светот.

Туристите и понатаму ќе ја посетуваат Куба како и досега, смета Калдер. И покрај најавената неколкудневна жалост, жителите на Куба ќе продолжат со вообичаеното темпо.

Фидел Кастро уште во 1994 година изјавил дека само туризмот може да ја спаси Куба, која требаше да биде економска гранка која ќе го замени приливот на пари, кои претходно доаѓале од Советскиот Сојуз. Но, дури и сега туризмот во Куба не е ист како и во другите земји, бидејќи сè е под контрола на државата, освен неколку мали приватни претпријатија и приватни ресторани.

Приказната за Кастро и приказната за модерната Куба се испреплетени – Наследството на Кастро е видливо насекаде, како на пример во Музејот на револуцијата во Хавана.

Ништо на Куба нема да се случи брзо, забележува Калдер, а со оглед на фактот дека на местото претседател, Фидел го замени неговиот брат Раул, сега нема потреба да се бара негов наследник. Но, многу е веројатно дека ќе исчезнат лошите односи со САД, особено оние кои се насочени од страна на кубанските иселеници во Флорида кон Куба.

”Смртта на Фидел, ќе ја забрза нормализацијата на односите со САД. Сега би можела да се укине забраната за американските туристи во Куба, и таму би можело да се видат повеќе Американци – на економско и социјално задоволство на Кубанците,” заклучува Калдер.

loading...