Ѓорчев | Се случи десеттата победа по ред на ВМРО-ДПМНЕ

1295

На 11 декември се случи 10-тата по ред победа на ВМРО-ДПМНЕ. Резултатот покажува дека за Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гласале 390.000, а за СДСМ 370.000 гласови, рече вечерва на прес-конференција во партиското седиште Влатко Ѓорчев.

Тој додаде дека според резултатите имаат 20.000 повеќе гласови од СДСМ, но, како што рече, ќе имаат и уште повеќе.

– Нашиот народ повторно победи. Македонија се спротивстави на црните сценарија. Граѓаните на Македонија наспроти црните кампањи покажаа дека државата стои на нозе. ВМРО и покрај се што се случи на овие избори победи, потенцира Ѓорчев.

loading...

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ има убедлива победа кај македонското гласачко тело и останатите етнички заедници, како Турци, Власи, Срби, Бошњаци…, додека СДСМ има победа во албанските средини.

loading...