Јаболката и праските најотровни | Овошјето и зеленчукот содржат пестициди кои можат да бидат смртоносни за вас!

415

Одлучивте да ги следите советите на лекарот за здрава исхрана и купивте јаболка, праски или целер? Размислете добро! Овошјето и зеленчукот содржат пестициди кои можат да бидат смртоносни за вас!

Според истражувањето спроведено од страна на непрофитната Американска асоцијација на животната средина EWG (Environmental Working Group), јаболката има најмногу пестициди, а следат праските, јагодите, грозјето, целерот, спанаќот и слатката пиперка. Особено загрижувачки е дека остатоците од пестицидите не можат целосно да се отстранат ниту со темелно миење.

Повеќето модерни земјоделци користат барем некој вид на хемикалија, но многу е важно да се користат само дозволените пестициди – велат нутриционистите

loading...

Конвенционалните методи на одгледување на овошје и зеленчук користат на стотици пестициди за да се убијат штетниците и да се зголемат приносите.

Сепак, многу научници големата стапка на рак ја поврзале за овошјето, додека за другите допрва се откриваат несаканите ефекти.

Дефинитивно постои врска помеѓу пестицидите и канцерогените агенси, но до кој степенот овие хемикалии влијаат на појавата на рак не е утврдено. Сигурно е дека пестицидите се наоѓаат во храната, до одреден степен влијаат врз развојот на ракот – вели Слободан Чикариќ, онколог и претседател на Здружението за борба против ракот.

пестициди-001

Врз основа на дефиниран план за следење, и ние вршиме земање мостри на овошје и зеленчук кои се на пазарот. Минатата година, 16 пратки од Турција – лимони, мандарини, портокали и калинки – имале остатоци од пестициди над дозволеното, и вратени се назад, а во домашното производство овие средства биле пронајдени во примероци од јаболка, сливи, грозје, пиперки, краставици, малини и спанаќ.

novi-svjetski-poredak.com

loading...