Јадете без страв од зголемување на телесната тежина | Со “добрите калории” – нема глад

713
Booking.com INT

Ако разликувате “добри”или “лоши” калории ќе разликувате и нутритивен квалитет на намирниците, кои ги внесувате во организмот, односно станува збор за оние кои ви даваат енергија и хранливи материи.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Калориите се важни кога станува збор за губење, одржување и зголемување на телесната маса, но тие не се единствениот елемент на кои мораме да се фокусираме, ако сèвкупно сакаме да го подобриме своето здравје.

Освен што мора да бидете свесни, вие треба да се фокусирате на видот на храната што ја јадете или не ја јадете. Можеби ќе се најдете во искушение наместо салата од квиноја и чаша свеж сок од морков да изедете обилен сендвич со шунка и лименка газиран сок, сите со иста калорична вредност, но пстојат и последици, и тоа пред сè за вашето здравје.

Во ред е неколку дена да изедете нешто (или сè) од “лошото” мени, но за долгорочно здравје и оптимално ниво на енергија и продуктивност, подобро одлучете се за поздрава верзија.

Ако разликувате “добри” или “лоши” калории, ќе го разликувате и нутритивниот квалитет (хранливоста) на намирницата која ја внесувате во организмот. Кога зборуваме за добрите калории, мислиме на храна со чија конзумација добиваме енергија, но, исто така, важни хранливи состојки. Меѓутоа, со внес на лоши калории, од друга страна, воглавно, добиваме енергија, но и внесот на хранливите материи е занемарлив. “Лошите” калории најчесто се наоѓаат во готовите (преработени) намирници, колачи, бисквити, разни печива и грицки.

Со иста калоријска вредност само “доброто” мени ќе му даде чувство на ситост на телото и ќе му обезбеди сè што му треба да остане силно и здраво – витамини, минерали, антиоксиданси, влакна и јаглехидрати кои споро се разградуваат, лесни протеини и здрави масти.

“Лошото” мени содржи многу заситени масти и шеќери, без овошје, многу малку желенчук или житарици, па не нуди многу витамини и растителни влакна. Тука има и многу јаглени хидрати, кои можат да бидат добар извор на енергија, но треба да се запомни дека белиот леб на пример брзо го зголемува нивото на шеќерот во крвта и ослободува краткотрајна енергија, но на крајот тоа резултира со чувство на замор и инерција. “Поздраво” мени вклучува поголема количина на овошје и зеленчук (влакна, минерали и витамини), вредни протеини (сирење, пилешко) и здрави маснотии (маслиново), клучни за градење на мускулите и функцијата на мозокот.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...