Јазикот открива какво е здравјето на човекот

2654

Симптомите на болеста се покажуваат на различни начини, но она што веројатно не сте го знаеле е дека знаците на болеста можат да се видат и во устата, поточно на јазикот.

Јазикот им помага на лекарите кои поставуваат дијагноза. На него можат да се забележат знаци на настинка, грозница, жолтица, главоболка или лоша работа на цревата.

Јазикот кај здравите лица треба да биде розов, чист и прекриен со ситни брадавици кои препознаваат вкусови.

Но кога јазикот е црвен, црн или бел укажува дека нешто не функционира како што треба во организмот. Отечен јазик обично значи дека е во прашање алергија, а темен јазик може да значи прекумерна употреба на антибиотици или симптоми на СИДА.

Долгите бразди на јазикот означуваат дека веројатно станува збор за сексуална пренослива болест – сифилис. Мазен и цврст јазик укажува на недостаток на витамин Б12.

Индиски лекари развиле софтвер кој треба да помогне,  со помош на дигитална слика која се добива со овој софтвер, здравствените работници јасно да воочат дали дошло до промена на бојата, подуеност или текстура на јазикот.

Софтверот засега распознава 14 различни состојби, а лекарите се надеваат дека наскоро ќе можат да развијат слична програма која ќе може да ги вчитува податоците од очите.

loading...