Јапонија одбележа 72 години од нуклеарниот напад врз Хирошима | Видео

284

Јапонија денеска одбележува 72-годишнина од нуклеарниот напад врз Хирошима.

Зборувајќи на церемонија во Мировниот меморијален парк Хирошима, премиерот на Јапонија Шинѕо Абе рече дека Јапонија се залага за свет без нуклеарно оружје на начин на кој сите држави може да постигнат согласност за тоа.

– За да имаме свет без нуклеарно оружје, потребно е учество како на држави кои имаат нуклеарно оружје така и на држави кои го немаат, рече Абе. Јапонија според него, „ќе ги охрабри и едните и другите“.

Годишнината е одбележана еден месец откако Јапонија застана со Британија, Франција и САД во отфрлање на Договорот на ОН за забрана на атомско оружје кое критичари го оценуваат како игнорирање на реалноста во која постојат бебзедносни закани како што е Северна Кореја. Во нуклеарниот напад врз Хирошима животот го загубија 140.000 луѓе додега во нападот врз Нагасаки загинаа 74.000.

loading...