Јапонска метода | Без хартија и селотејп завиткајте секој подарок

955
Booking.com INT

Оваа зима подароците за вашите најмили можете да ги завиткате без декоративна хартија и селотејп.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Со помош на јапонскиот “Furoshiki” метод виткање подароци, кој е вистински хит, ќе ја покажете вашата креативност и оригиналност.

Времето за подарување е сѐ поблиску, а тоа значи дека е време за пакување подароци за претстојните празници. Со малку напор од специјално завиткан подарок можете да направите вистински спектакл и да покажете дека подарокот навистина е подарен од срце.

Додека некои луѓе имаат вродена вештина за совршено виткање подароци со декоративна хартија и селотејп, некои не се толку вешти. Без разлика на тоа во која група припаѓате, радоста на дарувањето можете да ја надополните со оригинално завиткан и аранжиран подарок.

Furoshiki начинот на виткање, е исто толку интересен колку што е еколошки освестен, импресивен е, и начин со кој можете да ги израдувате вашите најблиски при дарување подароци. Тоа е традиционална јапонска метода за пакување со помош на ткаенина.

За тоа ви е потребно само доволно големо парче одбрана ткаенина по желба. Така можете лесно да замотате подароци од сите облици и големини, и нема да се борите со декоративната хартија и селотејпот.

Потребни се само неколку моменти за да го завиткате подарокот во саканата ткаенина, која подоцна, нејзиниот сопственик може да ја искористи за многу работи.

Давањето подароци на овој начин ќе ви даде шанса да ги изненадите вашите сакани со вашата креативност.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...