Јапонска метода за надминување на мрзеливоста, или принципот на 1 минута | Видео

3044

“Од понеделник ќе започнам нов живот, ќе одам на фитнес, ќе се занимавам со јога, ќе правам самомасажа, склекови …” – секој од нас понекогаш си поставува некои цели, но некогаш и не успева да ги оствари.

На крајот, си велиме дека не сме подготвени, и дека тоа ќе го направиме следната недела, следниот месец … следната година.

Понекогаш понапорно почнуваме да го исполнуваме замисленото, но, вежбајќи, на пример, 3 пати неделно во теретана по неколку часа, го отфрламе тренирањето за долго време.

loading...

Зошто се случува ова?

Бидејќи оптоварувањето е огромно, бидејќи може да се здосади, а навиката не е развиена.

Методот Каизен или принципот на 1 минута

Во јапонската култура постои техника Каизен, која во основа го почитува таканаречениот принцип на 1 минута. Суштината на овој метод лежи во фактот дека човекот се бави со конкретна работа точно 1 минута, но од ден на ден, во исто време. 1 минута време – тоа е прилично мало, и според тоа, лесно изводливо за било кој.

Мрзеливоста не стои на вашиот пат. Истите тие дејства кои не сте сакале да ги извршите во текот на половина час, измислувајќи изговори или оправдување, сега со леснотија можете да го направие тоа за 1 минута.

Да скокате на јаже, да правите стомачни вежби, вежби за очи, јога, да прочитате некоја книга на странски јазик – кога времето е ограничено со една минута, работите не изгледаат тешко да се постигнат, напротив, тие носат радост и задоволство. А правејќи мали чекори, вие се усовршувате и постигнувате подобри резултати.

Не е помалку важно дека ја победувате несигурноста во себе, вие се ослободувате од чувството на вина и на беспомошност, чувствувате успех и победа. Инспирирани од чувството на успех, постепено зголемувате едноминутна вежба на петминутна, и така натаму. Потоа можете лесно да стигнете до вежбање од половина час. Напредокот е очигледен!

Каизен настанал во Јапонија. Зборот е сложен и се состои од два збора – “Каи” ( “промена”) и “Зен” ( “мудрост”). Автор на концептот е Masaaki Imai. Тој смета дека КаиЗен – е вистинска филозофија која може да се применува подеднакво добро во бизнисот и во личниот живот.

За луѓето од западната култура овој метод може да им се чини неефикасен, бидејќи на Запад владее мислењето дека без многу напор не можат да се постигнат добри резултати. Но, големи програми, одземаат многу сила и енергија, можат да го скршат човекот и да бидат без резултати.

А принципот КаиЗен им одговара на сите, и може да се примени во многу сфери на животот. Во Јапонија, на пример, често се користи за да се подобри техниката на управување.

Сè што треба да направите е да сфатите што сакате да постигнете и да почнете да го применувате методот КаиЗен во пракса.

loading...