Јапонска фирма дизајнираше вилушки за неутрализирање на звукот при сркање | Видео

1746
Booking.com INT

Јапонска фирма тврди дека произвела вилушка што го неутрализира звукот при сркање нудли.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Странските посетители на јапонските ресторани каде се служат нудли, честопати се збунети кога ги слушаат локалните жители – нормално толку љубезни и воздржани – како бучно ги сркаат своите тестенини.

Традицијата укажува дека треба да се покаже благодарност кон храната, но на некои луѓе им пречи бучавата од сркањето.

Инспирирани од јапонските тоалети, кои можат да бидат програмирани да прават вештачка бучава, Нисин Фуд Продактс изгледа креираат нешто слично за тестенини.

Резултатот е – огромна вилушка – широка 4,4 сантиметри и долга 15,2 сантиметри – со чувствителен микрофон за откривање на навредливите звуци.

Кога ќе се активира микрофонот од звукот на сркањето, вилушката праќа сигнал до мобилниот телефон на корисникот, кој го репродуцира како звук на вода што теќе за да го маскира „навредливиот“ шум.

Нисiн, сепак, ќе го продава гаџетот ако добие до 5.000 пред-нарачки до средината на декември – по цена од 14.800 јени (130 долари).

Токио (МИА)

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...