Јапонски правила за тајланските туристи

224

Јапонските власти објавија листа на препораки за тајландските туристи за тоа како треба да се однесуваат во текот на престојот во Јапонија.

Меѓу препораките се и: „Доколку возите, пропуштајте ги пешаците на премините“ и „Доколку имате деца, не очекувајте дека ќе можете да завршите работа преку ред“.

До тајландските туристи се упатени дваесетината совети, пред се, заради тоа што јапонското население постојано го критикува нивното однесување.

– Јапонското општество е специфично. Тоа е општество со строги правила на однесување кои не секогаш им се очигледни на посетителите, изјавија од јапонскиот конзулат во Бангкок.

На тајландските туристи, на тој начин, им се препорачува каде да стојат на елеваторите, да не ги прекинуваат продавачите додека услужуваат други клиенти, во градскиот превоз да го исклучат ѕвончето од мобилните телефони, храната да ја земаат со лажица, а не со стапчиња…

loading...