Јас сум ЛОША ДОМАЌИНКА и тука нема помош | Се обидов да ги послушам советите за тоа “како брзо” и “како лесно” и дојдов до овие ТРИ РАБОТИ

860

Поради некоја причина Фејсбук ме опседнува со предлози да ги следам страниците на кои добрите домаќинки ги советуваат оние помалку способни да го одржуваат домаќинството без напор, дури и уживајќи во домашните работи.

Не знам зошто.

И покрај фактот дека секој од своите успешни кујнски дела ги овековечувам со фотографија (без фотошоп и филтри, но секогаш од добар агол), се чини дека некако дознале дека мајка ми кога бев студент, во пакетот со храна ми испраќала и салата, а во салатата белешка “Салатата, темелно измиј ја, лист по лист!” Или дека моите деца веројатно никогаш нема да го изговорат: “Никој не прави полнети пиперки како мајка ми” Или, дека кога мојот сопруг прашува што ќе јадеме за ручек, јас одам кон фрижидерот, на кој, со бројните магнети од патувања, се закачени сите можни флаери со брза храна која се доставува во нашиот регион.

Лоша домаќинка

loading...

Можеби поради сето тоа, или поради фактот дека ќерка ми еднаш ме праша: “Мамо, кој доаѓа денес?” а на мое “Никој”, таа се нашла во чудо, “Па, што тогаш ја чистиме куќата?”, главно , посакувам понекогаш, во мојот топол дом, да биде “како во аптека“. Звуците на Бах или Сметана да ги нарушува само веселото чврчорење на канаринците, додека мирисот на свежото полско цвеќе од букетот на масата се меша со мирисот на туку што печените колачи од ванила …

Ма, чиста идила!

И така, почнав да фрлам поглед на сите совети кои почнуваат со “како брзо да” и “како лесно да”. Па и да обидувам. Да намалам добри 10 килограми за десет дена. Да не плачам додека го сечам кромидот. Гардероба да ми биде уште помека и помиризлива со природен (неканцероген) домашен омекнувач. И ете. Не ја намалив тежина, и сè уште плачам додека го сечам кромидот и повторно ги омекнувам алиштата со Орнел.

Но научив неколку работи.

Прво, не е сè за секого. За мене, на пример, не е да бидам балерина, астрофизичар или добра домаќинка.

Второ, одржувањето на домаќинството бара многу знаење, вештини и нерви. А се смеев еднаш кога бабата на мојата пријателка барала боречка пензија како активен учесник во Народноослободителната војна, иако, за време на војната не излегла од соба. “Па, кога ти, бабо, си била активна учесничка во НОБ”, ја прашале. “Па, плетев ли чорапи за партизаните?” Што, демек сите знаат да плетат?!

Лоша домаќинка

И, трето, и што е најважно, никогаш не ги случајте советите кои ви звучат несоодветно. Поради тоа што не е точно дека тестото не се лепи кога ќе сипете малку масло во водата, дека цевките од садоперот се отпушуваат со лимунтус и сода и дека јадењето ќе успее ако го готвиш со љубов.

Тестото мора да го мешаш цело време и да се потиш покрај него, за садоперот ти треба некое многу силно хемиско средство, а за добар оброк прецизен рецепт, а не само “да посолите” или “да заматите да биде малку погусто од тестото за палачинки.”

А, кога сето ова нема да ти успее, па те боли глава, пред освежувачка прошетка задолжително да голтнеш еден brufen 400. Тоа е мојот совет, лоши домаќинки.

Лоша домаќинка

loading...