Јајца во пакетчиња лиснато тесто

432

Идеја како да ги искористите велигденските јајца …

Потребно
250 гр лиснато тесто
4 јајца

За филот
400 гр свеж спанаќ или блитва
150 гр свежо рикота сирење
3-4 лажици лебни трошки
5 лажици пармезан
сол, бибер
лебни трошки, за увалкување
јајце, за премачкување

Подготовка

– Сварете ги јајцата околу 7 минути. Излупете ги и оставете ги на страна. Kористете поситни јајца.

– Измијте го спанаќот и ситно исецкајте го. Ако користите блитва треба малку да ја обарите пред да ја исецкате.

– На малку маслиново масло во тава кратко продинстајте го сецканиот спанаќ (или блитва). Потоа ставете го во еден подлабок сад, оставете малку да се излади и додадете ги лебните трошки, сирењето, ренданиот пармезан и сол и бибер по вкус. Иситнете ги сите работи со рачен миксер, но внимавајте да не добиете течна смеса. оставете да се излади.

– Лиснатото тесто ставете го на набрашнета работна површина, малку развлечете го и исечете го на правоаголници (големината на правоаголниците ќе зависи од големината на јајцата).

– Исчистените јајца премачкајте ги со разматено јајце и увалкајте ги во лебни трошки.

– Правоагоалниците лиснато тесто премачкајте ги со филот. и во средина ставете едно јајце. Замотајте го тестото и притиснете ги караевите за да ги споите.

– Пакетчињата лиснато тесто премачкајте ги со разматено рајце. Ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 25 минути, додека да добијат убава златно-кафена боја.

– Сервирајте ги пресечени на пола.

loading...