ЈБГ.! ИЛИ СИ МУЛТИПРАКТИК ИЛИ СИ ЖЕНА!

861

Јас често се прашувам како тоа да совршената Мајка Природа не ја уредила просечната жена да има уште најмалку два пара раце и најмалку еден пар очи на грбот или на газот (ова во зависност од тоа дали треба да гледа од аспект на возрасен или мало дете), а понекогаш и уште еден резервен примерок од себе.

Ако тргнете да се информирате за настаните во светот од перспектива на жена, една тема нема да ве заобиколи. Супер мама која изведува вежби со бебе во рацете, супер модел која дои бебе додека се шминка и фризира …. Сè сами мултипрактик жени! А дали тоа нѝ е потребно?

Што е мултипрактик жена?

Тоа е термин кој ја дефинира жената која во исто време прави еден милион работи, бидејќи некој еднаш рекол дека жените, за разлика од мажите, можат да го направат тоа. А таа се фати на приказната! Таа зборува на телефон закачен под брадата (во ставот на “свирам виолина”) со бизнис партнерот, додека готви ручек со десната рака, а со левата води социјален живот со праќање СМС порака на својата најдобра пријателка, а во исто време размислува како да се облече и нашминка во стил, додека со крајот на окото набљудува дали нејзините деца прават нешто што инаку не би требало да го прават.

Функциите на мултипрактик жените се различни, во зависност од моделот, но ова се основните нивните карактеристики.

  • Ако тргнете да се информирате за настаните во светот од перспектива на жената, една тема нема да ве заобиколи. Супер мама која работи вежби со бебе во рацете, супер модел кој го дои своето бебе додека се шминка и фризира …. Сè сами мултипрактични жени! А дали тоа нѝ е потребно?

Семејна функција – Мултипрактичната жена е столб на семејството. Без разлика дали е домаќинка или кариериста. Таа е онаа која се грижи за тоа во семејството сè да функционира, сите да се уредни, чисти и сити, сите да ги вршат своите должности.

Бејбиститинг функција – Значи грижа за децата, без разлика дали е едно или повеќе нив во исто време, ги слуша и не ја слушаат, ги храни и облекува, води на прошетки, ги води на сите видови социјални активности, помага околу домашните задачи, љубовни и социјални проблеми.

Бизнис функција – Функција на успешна кариера во некоја компанија, па дури и почесто, “сам свој газда варијанта”, без разлика дали е актерка или успешен менаџер на успешна компанија која една третина од своите приходи остварува од извозот.

Кујнска функција – Оваа функција е особено видлива кога се слави, кога мултипрактик жената гине готвејќи за гостите, а при тоа не може да каже дека тоа е нејзина слава, зашто што жените не наследуваат слава. Само ужас! Вклучува и секојдневно подготвување појадок, ручек, вечера, колачи …

  • Таа зборува на телефон подвиткан под брадата (во ставот на “свирам виолина”) со бизнис партнерот додека готви ручек со десната рака, а со левата води социјален живот праќајќи СМС пораки на својата најдобра пријателка, а во исто време размислува како да се облече и шминка во стил, додека со крајот од окото набљудува дали нејзините деца прават нешто што инаку не треба да го прават.

Модно – козметичка функција – Служи за следење на трендовите во модната и козметичката индустрија, да не се случи жената да излезе меѓу луѓе без маники и искубани мустаќи и вештачки клепки “ала крава” и дека секогаш ноктите ѝ се во склад со чантата, со коланот кој оди со чевлите кои одат со марамата која оди одлично со карминот и обетките кои се во комплет со ѓерданот и прстенот.

Фитнес функција – Ако нема време да оди во теретана или на слично колективно збиралиште намерно смислено за стомаците да бидат рамни, а газот тркалезен, таа користејќи ја оваа функција вежба дигајќи ги своите деца наместо тегови, трчајќи нагоре и надолу по скалите носејќи при тоа канта со ѓубре, евентуално трчајќи на работа со сè штикли! Таа секогаш е во форма.

Социјална функција – Таа ѝ овозможува да има најмалку три пријателки на трач или време да појде кај една од нив! Никогаш нема да ја развие способноста да одтие кај трите пријателки во исто време! Освен ако не е активна на социјалните мрежи.

Репродуктивна функција – Примарна функција на одржување на видот, во последно време стана сè попопуларна, како функциите за одржување на добра линија и добро расположение.

Жената мултипрактик е посебна не затоа што умее со сите овие работи, туку затоа што умее да работи истовремено!

  • Фитнес функција – Ако нема време да оди во теретана или на слично колективно збиралиште намерно смислено за стомаците да бидат рамни, а газот тркалезен, таа користејќи ја оваа функција вежба дигајќи ги своите деца наместо тегови, трчајќи нагоре и надолу по скалите носејќи при тоа канта со ѓубре, евентуално трчајќи на работа со сè штикли! Таа секогаш е во форма.

Просечен алфа маж оди на работа, се враќа уморен и легнува да спие во попладневните часови за да одгледа филм или натпревар во вечерните часови. Неговата бејбиститинг функција завршила со правењето бебе, кујнската го достигнала максимумот со отворање на фрижидерот, останатите се расипани помалку или повеќе, во зависност од моделот. И секогаш се успешни и добри за другите, а што е најважно, тие се добри самите на себе, не мислат дека треба да бидат некои супер машини.

За волја на вистината, некои мажи имаат функција за одржување на домот, така што можат да направат помали или поголеми поправки. Повторно, зависи од моделот. Тие се преоптоварени со оваа состојба и со поделбата на улогите, на ист начин, со текот на времето, почнуваат да третираат мултипрактик жена. Ствар како ствар!

Сè повеќе доаѓам до заклучок дека кампањата за супериорност на жените над мажите е голема заебанција.

Јас лично не умеам да правам три работи одеднаш:

Божица Кали

– Не можам да мислам со нечија туѓа глава, затоа што понекогаш не излегувам на крај ниту со својата.

– Не можам да внимавам на децата зад себе, на пример, додека ја рибам wc шолјата (покривам со погледот круг од само 180 степени).

– Не знам да направам некоја сјајна кариера, но умеам да трошам пари.

– Готвам добро, но сè уште не умеам со брашно и вода да нахранам четири гладни усти и да уживаат при тоа во тоа.

– Кулминацијата на мојот стил е бројот на ноктите на нозете да ми се совпаѓа со бројот на ноктите на рацете.

– А ќе ви откријам и нешто друго – понекогаш и намерно нема да направам нешто што умеам да го направам.

  • Просечен алфа маж оди на работа, се враќа уморен и легнува да спие во попладневните часови за да одгледа филм или натпревар во вечерните часови. Неговата бејбиститинг функција завршила со правењето бебе, кујнската го достигнала максимумот со отворање на фрижидерот, останатите се расипани помалку или повеќе, во зависност од моделот. И секогаш се успешни и добри за другите, а што е најважно, тие се добри самите на себе, не мислат дека треба да бидат некои супер машини.

Мајката Природа, ајде да бидеме реални, направила сè што е во природата да изгледа и функционира совршено во согласност со својата функција.

Соочете се со тоа – За да бидете мултипрактик жена, треба да изгледате како божицата Кали (жена со повеќе пара раце, опасна за мажите, дрдорка која ги јаде за појадок).

На просечниот маж веројатно така и изгледате!

Ниту еден закон, дури и природниот, не значи дека треба да направите еден милион работи одеднаш. Поставете приоритети и што е најважно, ставете се во нив! Дури и она што го нарекуваат мултипрактика не може да работи 100 работи одеднаш. Само три до четири во најдобар случај. И тоа не е вечно. Се расипува. Ствар како ствар.

Оттука, откажете се да бидете натприродни и совршени! Опуштете се.

Јбг! Или си “мултипрактик” или си жена!

loading...