Турската полиција трага по напаѓачот | Снимен напаѓачот со сигурносна камера – Видео/Фото

3319
Booking.com INT

Турската полиција трага по напаѓачот, кој отвори оган во истанбулскиот ноќен клуб синоќа за време на новогодишната прослава. 

Bitcoin Exchange CEX.IO

Во нападот, кој властите го означија како терористички, беа убиени 39 лица, а околу 70 се ранети.

Според очевидци тој стрелал околу 10 до 15 минути. Некои од луѓето во паника скокнале во водите на Босфорот. Тие биле спасени од граничната полиција.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека напаѓачот не е идентификуван и оти се уште е на слобода. Пред да го напушти клубот тој се пресоблекол. Според министерот напаѓачот веројатно сам го извршил нападот.

Турските медиуми во своите извештаи меѓутоа не се согласуваат околу тоа дали имало еден или двајца напаѓачи.

Турската државна агеција Анадолија јави дека имало еден напаѓач, додека приватната телевизија НТВ наведува дека имало двајца напаѓачи, од кои барем еден бил облечен како Дедо Мраз, како и дека носеле оружје со „долги цевки“.

Истамбул, 01.01.2017

– Најмалку 15 од загинатите се странски државјани, рече Сојлу, при што не ја соопшти нивната националност.

Петмина од жртвите се идентификувани како турски државјани,. додека властите се уште го утврдуваат идентитетот на останатите. Најмалку тројца од убиените биле вработени во клубот. Еден од загинатите е полицаец.

Истамбул, 01.01.2017

Најмалку 69 лица се хоспитализирани, а состојбата на четворица од нив е критична.

По нападот премиерот Бинали Јилдирим свика седница на Советот за безбедност, која почна во 12:30 часот по локално време.

Во меѓувреме на Интернет се појави видео-снимка од нападот, на која се гледа напаѓачот облечен во костум на Дедо Мраз.

Истамбул, 01.01.2017

Клубот Реина, каде е извршен нападот, се наоѓа во квартот Ортакој, во дистриктот Бешикташ. Во мометот на нападот, според различни проценки, таму се наоѓале меѓу 500 и 700 луѓе.

На истанбулските улици за новогодишната ноќ биле распоредени 17 илјади полицајци.

Истамбул, 01.01.2017

Јилдирим | Напаѓачот од ноќниот клуб во Истанбул не бил облечен како Дедо Мраз

Турскиот премиер Бинали Јилдирим ги отфрли медиумските тврдења според кои напаѓачот кој отвори оган во ноќен клуб во Истанбул, при што загинаа 39 лица за време на прослава за Нова година, носел костум на Дедо Мраз.

– Тоа не е точно. Она што го знаеме ние е дека тој е вооружен терорист, изјави Јилдирим.

Истамбул, 01.01.2017

Турскиот премиер прецизираше дека напаѓачот најпрво ги нападнал лицата од обезбедувањето, а потоа отворил оган во локалот.

Тој успеал да избега од локалот поради хаосот кој го создал.

– Се уште е критична состојбата на три повредени лица, додаде Јилдирим.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...