ЈУНП Галичица соопштува | Тотална забрана

325

Согласно одлуката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостапнство за целосна забрана за движење низ чумите, без оглед на нивната намена, ЈУНП Галичица соопштува:

Се забранува секакво движење низ шумата во границите на паркот. Се забранува напуштање на регионалните и локалните асфалтни патишта кои се низ територијата на паркот. Се забранува секакво движење (пешачки, велосипедски и диви патеки) низ шумата во паркот.

Не е дозволено палење на оган на отворен простор во границите на паркот во овај период, нити на места означени за тоа. Посетители кои влегуваат и се движат по асфалтните патишта ќе бидат легитимирани од страна на соодветни служби на паркот и ќе биде евидентиран нивниот престој.

loading...

Посетителите се должни да ги почитуваат упатствата на вработени кои патролираат низ паркот со цел да се помогне да се зачува паркот од појава на шумски пожари.

Не придржувањето на овие одлуки подлежи на парична санкција на прекршителот.

Одлуката е донесе на 05.08 2017  година и ќе трае се до нејзиното отповикување.

Одговорен за заштита од пожари Шум.Инж. Наумче Новески

Споделете со вашите пријатели … !!!

loading...