Љубовта и работата не се секогаш добра комбинација | Зошто не би требало да се заљубите во колегата на работа

1309

Наутро станувате заедно, а пред ручекот патиштата ќе ви се вкрста на истиот проект. И двајцата сте попладне на истиот состанок. Двојките кои работат во истата компанија многу време поминуваат заедно.

Првично, тоа може да биде возбудливо. Но, ако паровите не се во состојба да го одделат приватниот живот од професионалниот, проблемите се на повидок.

Според истражувањето на германскиот институт Форса, секој седми вработен (14 проценти) бил во одреден момент во врска со некој од работа.

loading...

“Можно е да се најде животен партнер на работа”, вели бизнис консултантката Јута Боениг, но таа, исто така, нѐ советува да се избегнуваат таквите врски доколку тоа е можно.

Ако тоа сепак се случи, прво се наметнува прашањето како да се однесувате со другите колеги. Boenig советува отворена врска, освен ако тоа не е врска за една ноќ или вонбрачна авантура. Инаку, ќе почнат озборувањата.

Работодавецот не може да ја забрани врската меѓу колегите. Сепак, може да ги раздвои доколку смета дека врската има негативно влијание на работата.

Боениг еднаш советувала една двојка која работела заедно во ИТ индустријата и почувствувала дека тоа почнува да има негативно влијание врз нивната врска. Заедно разработиле план како подобро да го одделат приватното од професионалното. По 18 часа, тие се договориле, нема разговор за работа. Второ, тие одлучиле дека нема да ручаат заедно на работа.

Еден од проблемите на врската на работното место е дека нема правила дека ќе добиете одмор во исто време. Фирмата одлучува врз основа на потребите на бизнисот. “Вработените немаат никакви правни можности во оваа ситуација”, вели адвокатот Натали Обертуер.

А што се случува кога љубовта ќе исчезне? Врските ретко завршуваат срдечно, а особено тоа важи кога двојките се и колеги. Не е лесно да се гледа поранешен или поранешна секој ден на работното место.

“По разидувањето, честопати за закрепнување е потребна далечина”, вели Боениг. Не е изненадување што некој од поранешниот пар ја напуштил фирмата. Најчесто, тоа е пониско рангиран вработен. “Полесно е да се премести во друг дел. Или целеосно да се откажат”, вели Боениг.

loading...