“Ќерко, ти си најважната личност во твојот живот и никогаш не трпи непочитување!”

17193

“Да душо, знам дека мислиш дека сум стара. И јас сум грешешела во текот на годините. Дали некогаш си ми простила за онаа ужасна роденденска торта која се обидов да ја направам за твојот осми роденден? Или она кога ти подарив маче не знаејќи дека си алергична на мачкино влакно? Навистина ми е жал за тоа, но попат успеав да соберам некои информации кои сметам дека можат да ти бидат од помош. Секако би сакала тоа некој да можел да го стори за мене.

Се надевам дека по ова нема да ме гледаш како проседа жена во шеесетти години, туку како што навистина сум: мајка која сака нејзината ќерка да не мора да поминува низ некои тешки времиња (преку кои морав јас да поминам).

Еве кои работи посакував да ги знам на твои години.

loading...

1. Ти си најважната личност во твојот живот

Да, го кажав тоа и навистина така мислам. Добар вид на самољубие те прави подобар човек, те прави посреќна и ти помага да ги следиш своите соништа, а во исто време, ти дава сила да им подариш љубов на оние кои те опкружуваат. Кај лошиот вид на самољубие, што е нарцисоидност, луѓето немаат намера да даваат љубов на другите.

Долго време верував дека моето “помагање” на другите всушност било мој билет за рајот. Навистина сум. Се обидував да бидам што е можно подобра пријателка. Не сум заборавила ничив роденден. Бев рамо за плачење. Верував, ако бидам таква, дека луѓето ќе ми се најдат при рака кога навистина ќе ми биде потребно, и дека тоа ќе ми биде награда што сум толку “добра” личност.

Не бев во право.
Ова не значи дека не треба да им помогаш на другите или дека другите луѓе нема да бидат со тебе кога ќе ти требаат најмногу, туку да се фокусираш на она што навистина сакаш. Не можеш вистински да ги сакаш другите, ако прво не се сакаш себеси. Ми требаше толку долго време да го сфатам ова и не сакам тоа и тебе да ти се случи.

2. Никогаш не прифаќај непочитување

Без разлика дали станува збор за маж, пријателка, или некој сосема трет – не дозволувај никогаш некој да те омаловажува. Секогаш заземи се за себе. Во колку тоа не го сториш, постои голема шанса да ти биде жал што не си постапила поинаку.

Треба да бидеш храбра и силна. Не, тоа не значи дека секогаш треба да ја бараш правдината, но не дозволувај некој да ти наметнува свое мислење и да манипулира со тебе. Знам, доволно си зрела тоа да не го дозволиш, но имај на ум дека на овој свет не постојат само добри луѓе. Постојат и од оние помалку добри, кои на некој начин, ќе сакаат емоционално да те повредат, свесно или несвесно. Предавството е грозна работа, но запомини ги моите зборови: секогаш треба да најдеш сила и храброст во срцето да им простиш. Не заборавај, дека на тој начин повторно ќе ја направиш истата грешка во иднина. Верувај ми на зборот.

3. Твоето семејство те сака над сѐ

Мислам дека тоа, во твои години, е сосема лесно да се заборави. На крај на краиштата, “поминување време со семејството” и не е баш идеална “вечера за 5” и може да изгледа како тотална здодевност.

Но, вистината е, дека љубовта на твоето семејство е нешто на што секогаш можеш да сметаш. Мислам дека тоа веќе го знаеш. Не постои нешто на овој свет, поради кое твоето семејство би те оставило. Знам, за некои работи може да биде тешко да се зборува, но сакам да знаеш дека секогаш можеш да ми се обратиш и во текот на ноќта. Ако не можам да ти помогнам, барем можам да те сослушам. Ќе ти биде полесно.

Биди трпелива со себе и со другите. Ќе се случат многу подеми и падови, но ако го имаш на ум ова што сум ти го напишала, полесно ќе го пронајдеш својот внатрешен мир, сила и самопочитта.

Те сака твојата мајка.”

loading...