Ќе ви забијат нож во грб кога најмалку се надевате | Овие хороскопски знаци се НАЈЛОШИ ПРИЈАТЕЛИ

157
Booking.com INT

Еден сосема искрен хороскоп

Bitcoin Exchange CEX.IO

Нема зборови кои би можеле да ја опишат нивната нечувствителност. Саможиви, по другите би газеле и плукале само за да се чувствуваат тие добро. Но, кога се дават, со себе повлекуваат многу луѓе. Дознајте кои се најголемите лоши момци/негативци во Зодијакот.

ЈАРЕЦ

Јарците се многу одбивни луѓе кои не знаат да ги покажат своите емоции, без оглед на тоа што сте им – љубовник, брат, сестра, сопруг, сопруга … Во состојба се никогаш да не ви кажат што навистина мислат за вас. Темни се, спори и најчесто кукавици кои бегаат од опасности.

Во состојба се да ве остават на цедило, колку и да ве “сакаат”. За нив се вели дека се многу искомплексирани. Ретко кога се случува, зад овој знак да постои добар човек, способен за љубов … Но, тоа е реткост, па не очекувајте премногу.

ДЕВИЦА

Луѓе родени под овој знак се премногу тешки. Ништо не им е доволно, што и да им се даде. Едвај да имаат емоции, не знаат за љубов, и сѐ се сведува на секс. Дволични се и само чекаат момент кога ќе ви забијат нож во грбот. За нив, таа одлука ќе биде целосно планирана и нормална, бидејќи таквото решение е потврдено како најдобра опција за неа.

Поради нејзината совршено планирана дволичност и движења, нема да можете ниту во еден момент да се посомневате дека ви подготвува нешто зад грб и дека сака да ве “отстрани”. Кога ќе ѝ се сложат сите коцки, таа ќе ве предаде и ќе го открие вистинското лице. Девиците се големи нарциси кој немаат чувства за никого освен за себе.

СКОРПИЈА 

Ако на некоја Скорпија ѝ се заканува опасност, таа нема да се повлече или да избега, туку ќе повлече уште многу луѓе со себе. Не се грижат за ништо, а уживаат во сексот, без разлика каков и да е, не можат без него. За нив се вели дека се љубоморни и ужасно посесивни, што понекогаш може да прерасне и во болест.

Кога ќе им направите нешто што не им се допаѓа, тие можат да се претворат во мало исплашено дете кое вика, плаче и ве мрази од дното на душата. Под површината која делува интелигентно, лукаво и опасно, всушност се крие емоционално незрела личност. Големи се злопамтила и ќе ви вратат кога – тогаш за нешто, што ниту вам не ви текнува.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...