Ќофтиња со бел прелив од слатка павлака и пармезан

761
Booking.com INT

Нашиот предлог за денешниот ручек …

Bitcoin Exchange CEX.IO

Потребно за ќофтињата

  • 1 кг мелено месо
  • средината од 2 кришки леб натопена во млеко
  • 2 јајца
  • 1 средна главица кромид, ситно сецкан
  • 1 лажица ситно сецкан свеж магдонос
  • сол, бибер
  • 1 лажиче мелен сув зачин

Потребно за преливот

  • 80 гр путер
  • 1 рамна лажица брашно
  • 600 мл слатка павлака
  • околу 80 гр рендан пармезан
  • сол, бибер

Подготовка
– Сите состојки за ќофтињата ставете ги во еден сад и измесете ги со рака. Садот ставете го во фрижидер најмалку 30 минути.

– Со рака земајте од смесата и обликувајте ќофтињата. Излегуваат околу 24-25 ќофтиња.

– Увалкајте ги во брашно и ставете ги да се пржат во врело масло од сите страни. Пржените ќофтиња ставете ги на кујнска хартија да се впие вишокот маснотија.

– Преминете на подготовка на преливот. Во еден сад на рингла растопете го путерот. Додадете го брашното, малку пропржете го и потоа сипете ја и слатката павлака. Измешајте и оставете да почне да врие.

– Додадете го пармезанот, измешајте додека се растопи и додадете сол и бибер по вкус.

– Овие вкусни ќофтиња може да ги послужите со тестенини, пире од компири или пак сварен ориз во прилог.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...