Џон Траволта испрати емотивна порака до Оливија Њутн Џон (видео)

934
Booking.com INT

Актерот Џон Траволта испрати емотивна порака до својата колешка од филмот „Брилијантин“, која неодамна откри дека ракот на дојката со кој прв пат се бореше уште во 1992 година се проширил.

Bitcoin Exchange CEX.IO

– Оливија отсекогаш била неверојатно човечко суштество и инспирација на милиони луѓе. Ако сите своите мисли ги насочиме кон неа, да го надмине ова, а ја познавам многу добро, таа тоа ќе го почувствува и тоа ќе и даде повеќе сила. Ја сакаме и таа не сака нас, напиша Траволта во текстот за „Пипл“.

Актерката Оливија Њујтн Џон која поради тешката болест ги откажа сите настапи, се надева дека до крајот на годината повторно ќе се врати на своите обврски.

Таа практикува здрав начин на живот од моментот кога ракот прв пат и е дијагностициран, а основа и фондација за истражување и лекување на ракот. Исто така организира и кампањи против злоупотреба на животните.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...