10 лесни совети како брзо да ја намалите телесната тежина без диета и мачење

457

Не е доволно само да пукнете со прстите и да станете потенки и послаби. Сепак, тоа не значи дека треба да се мачите себеси со исцрпувачки вежби и строги диети – иако очигледно нема да постигнете ништо без мала физичка активност и здрава исхрана.

Подготвивме совети за вас, како секогаш да бидете во добра форма и да имате одлична линија. Најдобро од сè е дека не бара премногу напор.

1. Не ја оставајте ја душата во фитнес центар 

Исцрпувачкото секојдневно вежбање не е клучот за успешно губење на тежината. Докажано е дека оние кои секојдневно вежбаат во фитнес центар, и оние кои се умерено активни, трошат скоро исто калории на ден поради способноста на нашето тело да се прилагоди. Тоа не секогаш значи и подобро.

2. Кон вежбањето однесувајте се како кон начин на живот, а не како на казна

Откажете се од вежбањето ако ве прави несреќни. Секоја физичка активност – пливање, танцување, пешачење, активно купување, било што – ќе ги даде истите резултати. Најважно е да бидете активни и да уживате во тоа.

3. Редовно мерете ја тежината

Измерете ја тежината секој или барем секој втор ден. Ова ќе ги зголеми позитивните резултати и ќе ве натера двапати да размислите пред да изедете уште едно парче торта.

4. Јадете храна со пробиотици

Не сите пробиотици ќе ви помогнат да изгубите тежина. Истражувањата покажале дека цревната флора на слабите и на дебелите луѓе е различна. Храната која содржи Lactobacillus rhamnosus може да ја промени ситуацијата, па обрнете внимание на составот на млечните производи со пробиотици.

5. Вметнете грав, грашок и леќа во вашата исхрана

Косумирањето грав, грашок, леблебија или леќа во вашата секојдневна исхрана ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми и да ја одржувате нормалната тежина.

6. Не се откажувајте од протеините

Не се откажувајте од храна богата со протеини. Тие ви овозможуваат да бидете физички активни, што доведува до поголемо губење на тежината. На вашето тело му се потребни протеини, масти и јаглени хидрати за тоа нормално да функционира. Нивната количина може да варира, но нема да направите добро ако целосно ги исклучите од исхраната.

7. Јадете од помали чинии

Користете помали чинии. Ова ќе ви помогне да ги намалите порциите, а со тоа и количеството на калории кои ќе ги внесете. Покрај тоа, малите чинии создаваат илузија дека сте јаделе повеќе храна, што помага ментално.

8. Користете чаршави или чинии со светли бои

Користете чаршав за маса и садови со контрастни бои. Ова создава малку позната „Delboeuf“ илузија: нормална чинија со вообичаена количина храна ќе изгледа поголема. Ќе се чувствувате како да сте изеле повеќе, иако чиниите се исти. Како резултат на тоа, наскоро ќе бидете заситени со внесување на исти или помалку калории.

9. Водете сметка за калориите

Водете дневник или користете апликација на телефонот за да запишете сè што сте јаделе во текот на денот. Ова ќе ви помогне и да го контролирате губењето на тежината и да јадете точно колку што ви треба.

10. Читајте ги етикетите

Читајте ги етикетите на храната. Ако тоа го правите, точно ќе знаете што јадете и колку е тоа калорично и здраво. Покрај тоа, ова ќе ви помогне и да внесете точни информации во вашиот дневник на исхраната. Следете ги овие чекори и значително ќе ги зголемите вашите шанси за губење на тежината.

loading...