10 правила на јапонското образование | Манирите пред знаењето | Видео

1565

Јапонците се познати во светот како исклучително интелигентен народ, кој се гордее со својата долговечност, но, исто така, и со љубезноста кон сите.

Меѓутоа, зошто се тие толку поразлични од остатокот од светот?

Одговорот лежи во нивниот образовен систем кој ги учи децата на вистинските вредности од самиот почеток.

Манирите пред знаењето

Во Јапонија, децата не полагаат испити пред да наполнат 10 години. Дотогаш тие решаваат само мали тестови, за да не се преоптоваруваат. Тие веруваат дека првите три години учениците треба да научат манири и да ја развијат личноста. Децата учат да ги почитуваат другите луѓе и да бидат нежни кон животните и природата. Ги учат да бидат дарежливи и солидарни, но им ги развиваат и особините како што е самоконтролата.

Училишната година започнува во април

И додека многу училишта низ целиот свет почнуваат да работат во септември или октомври, во Јапонија тоа се слуќува во април месец. Една од причините е што тогаш цути познатата јапонска цреша. Наставата е поделени во три семестри од 1 април – 20 јули, потоа од 1 септември – 26 декември и од 7 јануари – 25 март.

Учениците ги извршуваат должностите на домарот

Во јапонските училишта, учениците сами ги чистат училниците, кафулињата, па дури и тоалетите. Тие се поделени во мали групи и нивните должности ротираат низ целата година. Нивниот образовен систем верува дека тие учат да работат тимски, но и дека им помага да ја ценат својата работа и работата на другите.

Воннаставните активности се популарни

Повеќето деца по завршувањето на наставата посетуваат различни курсеви со цел да се запишат на подобри факултети или средни училишта. Освен што поминуваат по осум часа на училиште, на воннаставните активности трошат дополнителни четири часа.

Тие не ја занемаруваат својата историја

Освен што изучуваат традиционални предмети, Јапонците често ја откриваат магијата на поезијата на своите деца, додека и нивното писмо е многу застапено во училиштата. Тие учат да ја чуваат својата култура и да ги почитуваат другите култури.

Ручекот се јаде во училниците

Секојдневно на менито имаат здрава храна со чисто природни состојки која се јаде во училниците. Тие јадат заедно со професорот, со што ја зајакнуваат врската со него.

How children prepare and eat their lunch in Japan(shared for educational purpose only)www.valiantls.com

تم نشره بواسطة ‏‎Valiant Japanese Language School‎‏ في 16 نوفمبر، 2015

Сите носат униформи

Речиси сите основни и средни училишта во Јапонија имаат задолжителна облека која ја носат учениците. Така ги елиминираат социјалните бариери и спречуваат појавување на групи измамници. Во училиштето сите се исти.

Доаѓањето на часовите е на завидно ниво

Во Јапонија, речиси никој не изостанува од училиштето, па процентот на доаѓањето на часови е на неверојатни 99,99 проценти! Повеќе од 91 процент од испитаниците во Јапонија признале дека никогаш не бегале од часови.

Еден тест им ја открива “иднината”

На крајот на средното училиште, сите ученици полагаат тест за да се одлучат околу изборот на факултетот. Тие избираат на кој факултет сакаат да одат, а ако не ги исполнуваат условите тогаш обично се откажуваат од студирањето. Сепак, дури 76 проценти од студентите се запишуваат на универзитет кој го посакувале.

Одењето на факултет за нив е одмор

Откако во средното училиште биле изложени на поголем број на тестови, Јапонците во текот на факултетските денови претежно одмараат. Тие обично овој период го нарекуваат “одмор пред да одат на работа”.

Why Japanese schools are probably the best in the world

More distinctive features of the Japanese education system: goo.gl/HNI8CA 🇯󾓥

تم نشره بواسطة ‏‎Bright Side‎‏ في 6 سبتمبر، 2016

loading...