10 причини зошто да се јаде тиква | За убава кожа и здраво срце

5394
Booking.com INT

Во преубавата тиква не треба само да се гледа – искористете ја сезоната и јадете тиква колку што е можно повеќе. Таа е одлична за мажи, жени и деца, бидејќи го чува здравјето и на кожата и на простатата и прочистува од токсини.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Тие се богати со антиоксиданси, што значи дека имаат анти-воспалителен ефект. Затоа, се одлични за здравјето на вашите зглобови, на органите, кај повредите на меките ткива, а помагаат во справувањето со стресот, пишува порталот Mind Body Green. Поради големите количини на витамин А кој го содржи, тиквата е чувар на очите од катаракта и дегенеративни промени.

Високото ниво на витамин Ц го зајакнува имунолошкиот систем и го стимулира производството на колаген, што ја прави одлична за кожата, бидејќи  ја прави сјајна и еластична. Добар извор е на растителни влакна, па затоа ефикасно го чисти телото од токсини и му помага на телото да функционира правилно. Содржи доволно каротен, кој ѝ дава портокалова боја, а на луѓето им помага да не стареат предвреме и спречува кардиоваскуларни болести.

Семките од тиква се богати со протеини и масни киселини, кои помагаат во регулирањето на нивото на холестерол, заштитуваат од артритис, ја подобруваат функцијата на мозокот и овозможуваат здрав изглед на кожата. Месото на тиквата и семките се богати со магнезиум, кој е неопходен за здравјето на коските и забите.

Таа е богата со калиум и цинк, кои се од суштинско значење во превенцијата од кардиоваскуларните заболувања и висок крвен притисок. Цинкот е одличен за плодност, убава кожа и имунолошкиот систем.

Исто така, тиквата содржи L триптофан, хемикалија која дава добро чувство.
Маслото од семките од тиква е одлично во лекување на воспаление на простатата, а превентивно чува од развој на канцерогени промени на простатата.

Автор:  Марина Стојановиќ

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...