10 работи кои ги знае само немажена жена во средни години!

9157

Немажените жени во средните години се соочуваат со целосно банални осуди на околината, но, исто така, и со неверојатни прашања.

Штом ја преминат триесеттата, а не се во брак, нивниот живот станува “јавна сопственост” на сите нивни пријатели.

Со неверојатна брзина сите се обидуваат да им пронајдат некој и не прифаќаат “не” како одговор!

Освен ако не е геј, оженет или мртов … Мора да се излезе со тој човек на средба, бидејќи пријателите веднаш ќе ве залепат налепница како “пребирлива” и неверојатно “тешка”. Што ако е убиец / зависник од дрога / бивш осуденик или, не дај боже, перверзњак? “Тоа се само мали нешта, луѓето се менуваат …”, ќе речат тие самоуверено.

Мажена жена секогаш ќе ве стави во една од двете групи – во сироти или опасни жени, кои не се мажат. Оваа способност ја немаат женетите мажи, туку само нивните жени. Во друштво секогаш ќе седите до мажена жена која ќе процени дали сте опасна или, едноставно, “сирота, па досега не се омажила.” А нема и да заборават да ви го постават тоа вечно прашање: “Зошто досега не се омажи? Што чекаш? Зар од толку мажи нема некој асален за тебе?”

Ако бркаш маж, тоа задолжително значи дека тој бега од тебе. Дали се сеќавате на старата изрека: “По маж и автобус никогаш не се трча!” Па, тоа е вистината. Ако не ви се јавил, а требало да се јави, причекајте уште малку. Ако не ви одговорил, дури тогаш – ништо! Одиме понатаму. Не ви е потребен тој човек. Крај.

Нема ништо необврзувачко кај необврзувачкиот секс. Ако веќе дошло до необврзувачки секс, се случил затоа што сте биле осамени, под дејство на алкохол или нешто трето, што е, исто толку, лошо како и ова првото. Затоа, од необврзувачкиот секс не можете да излезете како победник. После тоа, веројатно ќе бидете уште поосамени и повеќе повредени. Девојки, внимателно постапувајте со своето срце.

Кога луѓето ви кажат дека сте храбри, тоа не е комплимент. Најчесто ве нарекуваат храбра, затоа што се згрозуваат од вас. На пример, можеби сте слушнале неколку пати досега: “Ти си ужасно храбра кога живееш сама.” Односно, тие се преплашени од самотијата, од жените кои можат да ја поднесат. Веќе ве замислуваат како осамена жена со десет мачки, во нивната глава вие сте фрик.

Импресионирани сте со својата способност да не им завидувате на луѓето кои се во врски. Тоа е затоа што до сега веќе сте научиле дека немате идеја што се случува во заедница на две лица. Однадвор, тие изгледаат совршено, но она што се случува меѓу нив двајца и во нивните умови, тоа го знаат само тие.

Мажите не се грижат за вашиот целулит. Тие не се грижат ниту за вашите брчки. Верувајте. Меѓутоа, ако имате човек кој ќе ви каже дека сте се здебелиле, имате брчки или целулит, значи дека тој е со вас затоа што сте негов трофеј – убава женичка која ќе ја покажува наоколу. Ако ситуацијата е таква, ние не мора да ви кажеме дека тој не е вистинскиот човек за вас.

Забавување е ноќен кошмар. За луѓето во средните години, забавувањето е страшно! Да речеме дека сте почнале активно да излегувате со мажи од деведесеттите години на минатиот век, а сега сте во позиција да излезете со некој на состанок. Па, дозволете да ви кажеме дека има многу промени оттогаш. Некогаш реченицата: “Ајде да одиме на пијачка,” тоа и значела, а денес зад неа многу нешта се кријат … Мински полиња насекаде.

Вниманието, добрината и љубезноста се заборавени. Вие не можете да верувате колку сè се сведува на секс. Колку луѓе има на пазарот и бараат некој за секс. И тогаш ќе сфатите дека и вие сте на истиот пазар и непријатно ви е. Речиси секој ден слушате од своите мажени пријателки дека со задоволство тоа би го направиле да се слободни и ве наведуваат и вие тоа да го правите – да излезете на тој пазар, дури и ако не ви е до тоа.

Прашањата и пресметките само се натрупуваат … Ако го запознам во четириесет и втората година, а тој има да речеме 43. Се забавуваме една година, што значи би се венчале, кога ќе имам 43 … а дали ќе успеам да родам дете со 44? Што ако тој не е за деца? Што ако тој не може да “издржи” во кревет, бидејќи сепак и тој е блиску до педесеттата? Што ако има деца од првиот брак? Дали јас станав очајна или паметна? А што ако тој никогаш не се појави? Дали сите ќе мислат дека сум лезбејка, ако никогаш не се омажам?

loading...