10 трикови да заштедиш и да се спасиш од банкрот пред следната плата

1228
Booking.com INT

Мора да ти е познато следново сценарио: месецот не може да биде премногу краток за да имаш пари до крајот на …

Bitcoin Exchange CEX.IO

Затоа, ние ќе ти откриеме некои едноставни трикови со кои можеш лесно да заштедиш малку пари – без да нѝ должиш нешто или да ти наплатиме уште и камати!

1. Кај тебе или кај мене?

Нашиот прв совет за едноставна заштеда: Повикај ги своите пријатели на гости. Освен тоа што нема да потрошиш толку пари како во кафуле, многу е поудобно од повеќето бучни и задимени локали.

2. 100 денари трик

Не, тоа не е магионичарски трик, но ќе направи чуда за твојот паричник. Значи, секој пат кога ќе ти дојде во рацете банкнота од 100 денари, стави ја настрана, а подоцна и во касичка. Воопшто нема да се изненадиш кога ќе ја отвориш касичката ако имаш потреба од пари.

3. Минимализам

Она што во моментов е популарно во другите области на животот, можеш лесно да го искористиш и на финансиите. Се разбира, го знаеш следново: одиш во бања, а таму еден куп козметички производи ќе заблесне веќе на влегување во бањата. Сега му е крајот на тоа! Купувај козметички производи парче по парче и искрено запрашај се колку често ги користиш и дали навистина ти е потребно сето тоа? Кога последен пат си ги користела? Ќе видиш како бројот ќе се намали. Помалку или повеќе! А тоа важи и за остатокот од облеката, до работите во оставата. Затоа што, дури и кога собираме храна, на крајот дел од неа завршува во ѓубре.

4. Само кеш

Извади пари од банкомат – еднаш неделно – и тоа износ кој можеш да го потрошиш таа недела. Потоа стави ја картичката во фиоката. Запишувај ги сите свои трошоци. Ќе видиш како потрошувачката ќе се намали.

5. Збогум, купување од фрустрација

Тоа заборави го! Зошто? Кога си фрустрирана за нешто и одиш во шопинг, тогаш најчесто купуваш без контрола – затоа што со тоа се тешиш и наградуваш. Тоа во никој случај не е добро – ниту за паричникот ниту за твоите нерви.

6. 7 дена и 10 минутно правило

Кога сакаш нешто да купиш, не го прави тоа веднаш, туку одвој време и гледај други работи низ продавниците 10-тина минути. Ако сеуште навистина ја сакаш таа ствар, тогаш веднаш на каса! Ако си несигурна, претпочитај да престанеш. Размисли за тоа добро. Особено кога станува збор за поголеми инвестиции – земи седум дена за добро да размислиш. Дома – не во бутикот.

7. Трик со коверта

Ова е многу едноставен, но супердобар трик. Одреди си точно колку можеш да потрошиш за еден месец. Стави го тој износ во коверта и земај од парите кога ти треба. И нема мамење!

8. Без притисок

Кога се брзаме и под притисок тргнуваме во шопинг, обично во количката завршува нешто непланирано. Никогаш не купувај нешто ако се брзаш и ако немаш време – тогаш во тие случаи, се купува само најнеопходното.

9. Тргни ги прстите од онлајн купувањето

Клик овде, клик онде и нема половина од платата! Значи, лесно е да купуваш онлајн – едноставно не го прави тоа! Имај на ум она што навистина ти е потребно. Уште еден практичен додаток: нема трошкови на поштарина, чекање и пат до поштата.

10. Малите нешта … го прават животот среќен

И токму заштеда на големите работи е подобра. Направете листа на големите работи кои ги сакаш и еднаш годишно дозволи си една.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...