12 најнебезбедни градови во Европа

2599

Американската консултантска фирма Мерсер објави истражување за квалитетот на животот, а еден од вклучените параметри се однесуваше и на личната безбедност на личноста.

Во истражувањето на крајот биле вклучени 230 градови (од помалите земји земен е само главен град), а на безбедност на некоја земја се однесуваат критериумите како што се стабилноста, односите со други земји, криминалот и за спроведување на законот.

Како и да е, можеби листата донекаде и ќе ве изненади, бидејќи меѓу 12 најнесигурни градови во Европа, се најде и Загреб!

loading...

12. Париз
Француската метропола се најде на 12тото место, се разбира, пред сѐ, поради терористичките напади на кои од неодамна е изложена. Нападот во ноември 2015 сѐ уште е свеж во главите на граѓаните, така што Париз котира на многу високо место на оваа листа.

11. Лондон
Можеби е изненадување да се види Лондон на оваа листа, но стравот од терористичките напади и граѓанските судири го смести Лондон речиси во ТОП 10.

10. Букурешт
Насилството и организираниот криминал во главниот град на Романија е на прилично ниско ниво, но малите криминални дејствија се многубројни и нивото на корупција е прилично високо.

9. Загреб
За нас, можеби е изненадување, бидејќи во Загреб и не се чувствуваме несигурно, но истражувањето на Мерсер како голем проблем во градот ја наведува корупцијата, што е всушност и главната причина зошто хрватскиот главен град се најде во ТОП 10.

8. Рига
Главниот град на Летонија на седмото место се најде заради силните против-мигратските протести и организираниот криминал, како и заради раширенета проституцијата.

7. Рим
Стравот од терористичките напади го доведе Рим на високо место, а другиот голем проблем на “Вечниот град”, секако е и корупцијата.

6. Мадрид
Во срцето на Шпанската влада, владее силно незадоволство, а особено кај помладата популација. Главниот проблем е големата невработеност, која е особено силна кај младите луѓе.

5. Будимпешта
Граѓанските немири се вообичаени во Унгарија, а кога уште се знае за лошиот однос на Будимпешта со ЕУ, високиот пласман не треба никого да го изненадува.

4. Софија
Главниот град на најсиромашната земја членка на ЕУ често сведочи за протестите против владата. Исто така, проблемот на корупцијата и понатаму е рак-рана за Софија.

3. Атина
Некогаш град во кој се живеело одлично, денес е град преполн со сиромашни, демонстрации има се на секој чекор, а и криминалот цвета.

2. Белград
Генерално, насилен криминал нема (тие години се за среќа минато) но затоа, корупцијата, митото и кражбите се на сите нивоа на белградското секојдневие.

1. Киев
Граѓанските немири се секојдневие, а кога државата не е во добри односи со една суперсила како што е Русија, јасно ви е дека овој факт е одраз на ситуацијата во главниот град. Затоа, кражбите и насилството таму се вообичаено секојдневие.

loading...