12 токсични однесувања од кои веднаш треба да се ослободиме

4975

Секој од нас може да им наштети и да ги вознемири луѓето кои го опкружуваат и за кои се грижи. Вистионскиот виновникот за ова може да биде нездраво однесување од кое треба да се ослободиме, бидејќи само себе си се повредуваме и ги повредуваме другите околу нас.

  1. Да им завидуваме на сите
  2. Престанете да го споредувате својот живот со животите на другите луѓе и да гледате што другите имаат, а вие немате. Вашиот животен пат е само ваш пат, а не конкуренција или натпревар. Се натпреварувате само со едно лице – со самите себе. Се натпреварувате да бидете најдобар човек кој можете да бидете. Ако сакате да го измерите сопствениот напредок, споредете се со себе си какви сте биле порано.
  1. Сѐ да разбирате премногу лично
    Човек кој мисли дека сѐ што се случува околу него, се случува поради него или мисли дека секој погрешен збор кој некој друг го вели е директен напад врз него, не е воопшто пријатно друштво. Точно е дека она што луѓето го велат има повеќе врска со нив отколку со нас. Се разбира, ние не може целосно да ја игнорираме повратната информација на другите луѓе, но во повеќето случаи, поздраво е и поефикасно да не ги сфаќаме лично ниту добрите ниту лошите мислења на луѓето за нас, туку да се водиме со сопствената интуиција и мудрост.
  2. Да се однесувате како секогаш да сте жртва
    Да сметаш дека секогаш си жртва, и да дозволиш другите да одредуваат во која насока ќе се движи нашиот живот, е токсично однесување заради кое секогаш ќе стагнираш во животот. Кога ќе престанете да се жалите и да се гледате себеси како беспомошна жртва, ќе сфатите дека имате поголема енергија отколку што сте биле свесни, но само ако изберете да ја прифатите реалноста.
  3. Да акумулирате во себе болка и гнев
    Една од најтешките животни лекции е да ја пуштите вината, лутината, љубовта или загубата. Промена никогаш не е лесна, но честото ослободување е најздравиот начин да се движиме напред. Значи, така ќе ги прочистиме токсичните мисли од минатото. Мора да бидете емотивно ослободени од работите кои некогаш ви значеле многу за да го надминете минатото и болката која ја донеле.
  4. Опсесивно да размислувате негативно
    Песимизмот е една работа, но постојано да се размислува негативно е друга работа. Да се види само негативното и да се верува дека сѐ има негативен предзнак, а да е против вас, е извртен начин на размислување и живеење, а вие можете тоа да го промените.
  5. Да имате недостаток на самоконтрола
    Неможноста да се контролираат сопствените чувства делува токсично на сѐ околу нас. Без разлика дали станува збор за експлозија на гнев или плачење заради најмал проблем, викање на продавачот во продавница или на работникот кога направил мала грешка, неконтролирано викање на детето, бидејќи истурило сок на подот. Во секој случај, ако забележите дека прекумерно покажувате емоции и имате многу малку самоконтрола, обидете се за тоа да дискутирате со некој пријател или член на семејството кој може да ви биде поддршка. Но, прво позборувајте со себеси.
  6. Површно да ги проценувате и да ги осудувате другите
    Немојте секогаш да проценувате лице врз основа на она што таа ќе ви го покаже. Запомнете, она што го гледате често е она што тоа лице сака да ви покаже. Покрај тоа, ако другата личност сака да ве повреди на некој ситен начин, обично тоа е затоа што и самата страда. Нејзиното страдање едноставно е преполнето. Не треба некој да ја казнува или исмејува, треба да ѝ се помогне. Ако не можете да ѝ помогнете на таа личност, оставете ја.
  7. Да имате недостаток на емпатија и сочувство
    Едно од најтоксичните однесувања е суровоста. Се должи на комплетен недостаток на емпатија или сочувство со другите. Ние го гледаме тоа секој ден и насекаде – луѓе кои дејствуваат страшно кон другите, само затоа што го можат тоа. Ако сфатите дека на некој намерно им предизвикувате штета, или ако не ви е грижа за чувствата на другите луѓе, престанете да го правите тоа. Погледнете длабоко во својата душа и пронајдете сочувство во своето срце, бидејќи – сите ние сме во ова заедно.
  8. Да мамите и преминувате морални граници, едноставно затоа што тоа го можете
    Мамењето е избор, а не грешка ниту изговор. Ако успееме да измамиме некого, ние не смееме да мислиме дека таа личност е будала. Ние треба да разбереме дека таа личност нѝ верувала многу повеќе отколку што тоа го заслужуваме. Затоа, не треба да се прават неморални работи само затоа што тоа го можеме. Бидете искрени со себе и со другите. Направете ја вистинската работа.
  9. Да ја криете вистината
    Луѓето не можат да се поврзат со нас ако постојано се криеме од нас самите, или, ако го криеме своето вистинско лице. Запомнете, секој од нас носи нешто прекрасно во себе и има нешто што го издвојува од сите други. Значи, славете го тоа дека сте различни и дека одите по некој свој, можеби и малку чуден пат. Ако почнете да се чувствувате како риба на суво, пронајдете друга река, во која можете да пливате. Но, не го менувајте она што сте вие; бидете она што сте.
  10. Постојано барате потврда од другите
    Исцрпувачки е да бидете околу луѓе кои постојано бараат потврда од другите. Животот е многу повеќе од она што другите мислат за нас и за нашите достигнувања. Смислата на животот е патување, процес, пат – со сѐ што ќе научите, како што им помагате на другите да научат и со своето растење и созревање, си дозволувате да учествувате во животот.
  11. Да се биде тврдоглав перфекционист
    Животот е патување, без запирање, кое постојано се развива и менува. Она што е денес тука, утре може да не биде исто – совршен дом, работа, пријател или партнер со време ќе стане несовршен. Но, со малку трпение и отворен ум, со време несовршената куќа ќе стане топол дом. Несовршена работа ќе се развие во успешна кариера. Несовршениот пријател ќе стане цврсто рамо на кое ќе можете да се потпрете. А несовршениот партнер ќе стане сигурен животен сопатник. Вие само треба да престанете да барате совршенство.
loading...