12 шокантни факти за храната поради која сигурно ќе изгубите апетит

1963

Сметаме дека знаеме сѐ или речиси сѐ за она што го јадеме само затоа што внимателно читаме етикети. Сепак, можеме ли тоа со сигурност да го тврдиме?

Ние за вас подготвивме список на необични факти кои сигурно ќе го променат вашето мислење за традиционалната храна.

ГМО храната, кечап без патлиџан, фактот дека јадеме инсекти, а за тоа и да не сме свесни и уште многу други нешта можете да прочитате во написот што е пред вас.

1. Одгледување ГМО растенија е дозволено во повеќето земји

loading...

Во повеќето земји можат да се произведуваат генетски модифицирани растенија без никакви ограничувања, бидејќи сѐ уште нема научни докази дека таквите растенија се поштетни од природните. Најраспространети ГМО растенија: соја, пченка, памук, канола и шеќерна репка.

2. Оригиналниот балзамико оцет никогаш не е ефтин

Традиционалниот балзамико оцет се прави од сок од свежо собрано бело грозје, кое ферментира со процесот на забавено стареење најмалку три години (најдобрите видови и до сто години). Се разбира, овој сложен процес влијае на цената. Поради тоа, бидете сигурни кога следниот пат ќе купите шише бамзамико оцет за мали пари, дека тоа е далеку од оригиналниот.

3. Колачиња на судбината не потекнуваат од Кина

Овие слатки колачи традиционално се сметаат за дел од кинеската кујна. Но, ова е мит. Нив нема да ги најдете во Кина. Во реалноста, колачињата на судбината се измислени во Сан Франциско, од страна на јапонските (дури не и кинеските) Американци.

4. Лажни wasabi

Вистинските wasabi можат да се најдат единствено во Јапонија, каде што се одгледуваат под одредени услови: во течна вода на температура од 10-17°C. Корените на wasabi созреваат за 3, 4 години и половина килограм чини повеќе од 100 долари. Поради тоа, надвор од гранците на Јапонија честопати користиме имитација на wasabi, која се состои од рен, санф, скроб и зелена боја за храна.

5. Јадеме инсекти, а за тоа и да не знаеме

Пигментот кармин, познат и како E120, се користи за додавање на црвената боја во намирниците. Но, не знаат сите дека карминот се добива од карминова киселина, која ја произведуваат некои вошки штетници.

6. Кечапот не мора да содржи домат

Освен фактот дека доматот е ефтин (во споредба со wasabi, на пример), производителите често го заменуваат со поевтини состојки, како што е сосот од јаболка, разни згуснувачи, бои и други додатоци. За да препознаете лажен кечап, прво погледнете ја неговата боја – таа треба да биде црвена или темно црвена. Што се однесува до густината, вистинскиот кечап не треба да биде премногу водест.

7. Зошто крекерите имаат дупчиња?

Дупчињата на крекерите не се декоративен детал. Тие обезбедуваат овие грицки рамномерно да се испечат. Во спротивно, не би биле толку тенки и крцкави. Инаку, првите крекери, направени во САД, имале дупчиња кои рачно се правеле. Вкупно биле 13, што е број кој одговара на бројот на државите во земјата во тоа време.

8. Маслото од канола и маслото од репка се ист производ

Името канола всушност значи “Canadian Oil, Low Acid” (канадско масло, слабо кисело). Тоа се разликува од маслото од репка само поради намалената содржина (до 2%) на ерукинската киселина, која не само што негативно влијае на вкусот, туку е и токсична за срцето.

9. Бројот на калории прикажан на пакувањата може да биде неточен

Проблемот е во тоа што системот за мерење на калории е застарен. На пример, не се зема в предвид колку апсорпцијата се разликува зависно од видот на храната и од оној поединец кој ја консумира. Неодамна научниците откриле дека целите бадеми имаат околу 20% помалку калории отколку што првобитно се мислело, а ф`стаците околу 5% помалку.

10. Некоја храна може засекогаш да исчезне

За жал, поради глобалното затоплување и други негативни фактори, одредени намирници се на работ на изумирање. Ова вклучува:

• Определени видови јаболка кои имаат потреба од ладна зима.

• Авокадо, поради фактот дека неговото производство е непрофитабилно. За да се одгледа половина килограм од овој плод, потребни се речиси 500 литри вода.

• Бананите се погодени од епидемија на габичните болести и брзо исчезнуваат.

• Медот. Во последно време, бројот на пчелните колонии е значително намален. Причината за тоа се вошките од Азија (кои се појавиле пред 30 години), пестицидите и осиромашената храна за пчели.

• Чоколадата. Научниците тврдат дека квалитетот на зрното какао значително се намалил во изминатите неколку децении, така што бројот на култури е намален за половина.

11. Овошните гумени бомбони содржат ист восок како и автомобилскиот

Освен желтатин, боја и други состојки, овошните гумени бомбони содржат и карнаубски восок, кој се добива од лисјата на палма. Истиот восок се користи за создавање на автомобилски восок, восок за мебел, па дури и во индустријата за убавина.

12. Пилињата стануваат сè поголеми

Во последните 60 години, пилињата станале значително поголеми, особено нивните гради и нозе. Некои велат дека за овие промени се одговорни хормоните и стероидите. Сепак, земјоделците тврдат дека растењето на пилињата не е предизвикано од забранетите супстанции, туку со подобреното модерно одгледување, подобри животни услови и редовна ветеринарна контрола.

13. Бонус: Најскапа пица во светот

Оваа пица е направена од тартуфи, кавијар од есетра, стилтон сирење и тенки листиња од 24 каратно злато. Тешко е да се каже дали вкусот вреди толку многу пари. Но, ако имате вишок од 2.700 долари, можете да ја пробате оваа пица во еден ресторан во Њујорк.

loading...