13 добри причини | Откриваме што се случува кога од исхраната ќе го исфрлите шеќерот

633
Booking.com INT

Според препораките на лекарите, дневната доза на шеќер не треба да надминува 25 грама за жени и 36 грама за мажи, а таа количина треба да ја задоволиме со шеќери од природни извори, како што се овошјето, млекото и млечните производи.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Можеби контролата на килограмите не е доволен мотив за промена на навиките во исхраната, но би можеле да ја пронајдете во други бенефити кои ги исфрлаат додатните шеќери од исхраната.

Додадените шеќери се насекаде околу нас, дури и во преработената храна, за која веруваме дека е добра за нашиот организам, како што се протеинските плочки, путерот од кикирики или лебот од цело пченично зрно.

Тоа не мора да биде видливиот бел прав посипен по крофните – додадените шеќери доаѓаат во форма на сируп, нектар, мед и сето она што ќе го најдете на листата на состојки под името кое завршува со “оза”.

Губење на стомачни масни наслаги

Додадените шеќери се синоним на додадени калории и кога ќе одлучите преработената храна полна со шеќери да ја замените со онаа богата со растителни влакна, ќе бидете наградени со потенка половина.

Поентата тука е едноставна – кога ќе го ослободите организмот од додадените шеќери, тој наместо јагленохидратите ќе почне да ги согорува резервите на стомачните масти и ќе ве награди со тониран стомак каков сте сонувале.

Намалување на желбата по слатки

Храната богата со едноставни јагленохидрати и рафинирани шеќери како крофни, колачи и бел леб, е поврзана со зголемување на допаминот, кој предизвикува постојана желба за шеќер.

Една статија објавена во Службениот весник на Меѓународното друштво за бихејвиорална невронаука вели дека внесувањето на шеќери може да доведе до зголемување на бројот и/или афинитетот на опиоидните рецептори, кои дополнително стимулираат конзумирање на шеќер и придонесуваат за дебелината.

Отфрлањето на слатките закуски ќе ви помогне да ја запрете потребата и да престанете со оваа деструктивна навика.

Подигање на енергијата

Многу луѓе, поради потребата од енергија, најверојатно ќе посегнат по слатка храна или уште една шолја кафе, а токму тие се виновници за недостатокот на енергија заради која треба темелно да ги менувате навиките во исхраната. Заменувајќи ги со бавно сварливи протеини или закуски богати со здрави масти, вашата енергија ќе биде избалансирана во текот на целиот ден.

Намалување на ризикот од дијабетес

Истражувањето на кое се реферираат авторите на книгата „Zero Sugar Diet“ наведува дека на секои пет проценти од вкупните калории кои ги добиваме од додадените шеќери, ризикот од дијабетес расте за неверојатни 18 проценти. Затоа, ако внесете околу 1800 калории дневно, максималната дневна количина на шеќер треба да биде околу 24 грама, што е околу една и половина супена лажица шеќер.

Подобрување на здравјето на срцето

Конзумирање на прекумерни количини шеќер може да резултира со акумулација на лош LDL холестерол, заради што Американската асоцијација за здравјето на срцето, препорачува ограничување на внесувањето додадени шеќери за да се намали ризикот од смрт од срцеви болести.

Ако од вкупниот дневен внес на калории, како што покажало едно истражување објавено во медицинското списание JAMA Internal Medicine, од 17 до 21 проценти од калориите добиваме од додадени шеќери, ризикот од смрт од кардиоваскуларни болести се зголемува за 38 отсто во однос на внесот на калории од додадени шеќери во износ од 8 проценти.

Спречување пропаѓање на забите

Слатката ужина предизвикува насмевка на лицето, но гурманите неконтролираното задоволување на своите потреби би можеле да го платат и со воздржаност од таа насмевка, затоа што шеќерот би можел да им го уништи забалото.

Од рана возраст сме учеле дека слатките се штетни за забите, а студијата објавена од страна на BMC Public Health покажала дека тој е главната причина за кариес и расипување на забите како кај децата, така и кај возрасните, и тоа без оглед на тоа дали го внесувате со храна или пијалок.

За блескава насмевка, воздржете се од слатките извори на јагленохидрати.

Зголемување на фокусот

Исхраната богата со рафиниран шеќер, според една студија спроведена на Медицинскиот факултет Харвард, може да ја наруши функцијата на мозокот и да ги зголеми симптомите на депресијата. Затоа, сладоледот или чоколадото можеби ќе ви помогне во моменталното подигање на расположението, но шеќерот во никој случај не е храна за вашиот мозок и нема да придонесе за поголема насоченост кон реализација на вашите обврски.

Спречување на надуеност

Надуеноста обично се поврзува со солената храна поради натриумот кој ја задржува водата и предизвикува подуеност на стомакот, но и со контролирано конзумирање на шеќерот можете да се ослободите од непријатната појава.

Ова несакана реакција на стомакот може да предизвика проблеми со варењето на шеќерите, а додека на некои може да им пречи фруктозата, шеќерот кој го наоѓаме во овошјето, но и во преработената храна, другите потешко ја поднесуваат лактозата која ја наоѓаме во млечните производи.

Помлад изглед на кожата

Колагенската структура на кожата со конзумирање на шеќери станува поцврста, па исфрлањето на овој вид на храна од исхраната, или барем намалување на внесот на шеќерите, многу е ефикасен методот на забавување на стареењето.

Овозможувајќи му на колагенот да остане силен и флексибилен, и вашата кожа ќе изгледа помлада.

Подобар сон

Американската Национална фондација за сон го поврзува немирниот ноќен сон со прекумерно конзумирање на шеќер во текот на денот. Дури и ако не ве разбуди целосно, шеќерот во вашиот организам може да го наруши длабокото спиење, заради што може да се чувствувате многу исцрпено следниот ден.

Покрај тоа, прекумерната потрошувачка на шеќер во текот на денот може да предизвика пад на енергијата.

Јакнење и раст на мускулите

Според некои истражувања споменати во книгата “Zero Sugar Diet”, научниците губењето на мускулната маса кај постарите лица го поврзувале со рафинираниот шеќер, кој го спречува организмот да ги синтетизира протеините во мускулите, а тоа е само еден од застрашувачките несакани ефекти на мешањето на протеините и шеќерите.

Намалување на ризикот од дебелина

Дебелината ја имаат околу една третина од населението во САД и е една од главните причини за смртта. Овој ризик многу лесно може да се намали, треба само да се избегнуваат намирници богати со додадени шеќери, како што се засладените безалкохолни пијалоци и рафинираните и засладени житни култури.

Освен потенок струк, намалената акумулација на калории носи многу помал ризик од болести поврзани со дебелината.

Намалување на ризикот од рак

За феноменот порано познат како Warburg-ов ефек, во кој клетките на ракот многу побрзо го разградуваат шеќерот од здравите клетки, долго се шпекулирало дали тој е само симптом на ракот или има влијание на растот на туморот.

Деветгодишната студија, објавена во магазинот Nature Communications, покажала дека забрзананото разградување на шеќери во клетките на ракот, го стимулира растот на канцерогените тумори.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...