Димкоски во книжевна посета на Србија

1390
Booking.com INT

Младиот поет Филип Димкоски ќе учествува на дваесет и третиот Меѓународен книжевен салон во Нови Сад, Србија кој се одржува од 6 до 12 март.

Bitcoin Exchange CEX.IO

На 11 март Димкоски ќе земе учество на осмиот Европски поетски фејзбук фестивал во организација на Банатскиот културен центар што се одржува во рамките на салонот, а на кој учество ќе земат поети од 21 држава.

Во рамките на салонот, планирана е и саемска промоција на српското издание на „Божилак на исконот “ од Филип Димкоски што од печат излезе минатата година.

Филип Димкоски ќе стане и член односно „државјанин“ на „Поетската република“ што има за цел да ги собере на едно место поетите од светот, а е основана во ноември минатата година од страна на Банатскиот културен центар.

Како и во претходните посети, заради интересот на учениците неизоставен настан и овојпат ќе биде поетската работилница на Димкоски со учениците од ОУ „Велко Влаховиќ“ во Нови Сад.

Инаку до крајот на јуни, Димкоски го очекуваат уште две меѓународни претставувања во Бугарија (каде ќе настапи со кант-авторот Џина Паппас Џокси) и во Хрватска.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...