15-ти Меѓународен Летен Академски курс во организација на БЕСТ Скопје

737
Booking.com INT

Бордот на Европски Студенти по Tехнологија-БЕСТ Скопје, во соработка со Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ), по 15-ти пат организира Меѓународен Летен Академски курс. Оваа година во фокусот на предавањата е темата “Мобилни комуникациски технологии“ со која ќе бидат опфатени 3G, 4G и 5G технологиите.

Bitcoin Exchange CEX.IO

На овој курс ќе присуствуваат 25 учесници од цела Европа, кои ќе имаат можност да слушаат предавања од искусни професори од ФЕИТ Скопје и предавачи од врвни компании кои имаат поврзаност со темата. Meѓу компаниите се Македонски Телеком и Неотел.

Меѓународниот Летен Академски курс ќе се одржи од 3-ти до 13-ти јули, а на крајот од настанот сите учесници ќе полагаат завршен испит кој доколку го положат ќе добијат сертификат со признаени кредити според ЕКТС.

Меѓународен Летен Академски курс1

Покрај едукативниот дел, овој настан има и културно значење поради разновидноста на културите и традициите кои со себе ги носат самите учесници од различни земји во Европа. Преку организирање на бројни дневни и ноќни активности во Скопје, како и викенд патување во Охрид, учесниците имаат можност да се запознаат со културните и историските обичаи и знаменитости на Македонија, како и да ги разменат сопствените. Со учеството на овој настан тие ќе ги видат и убавините на нашата земја.

Едукативниот и културен карактер не е единствената цел на овој настан. Овој настан истотака претставува одлична можност за ширење на нови пријателства низ цела Европа.

Меѓународен Летен Академски курс2

БЕСТ-Борд на Европски Студенти по Технологија е непрофитна и неполитичка организација која на студентите им дава можност да го прошират своето знаење за теми кои го надополнуваат нивното образование преку организирање академски курсеви,технички натпревари, симпозиуми за едукација, тренинзи и културни размени. Од друга страна, БЕСТ исто така се стреми да го прошири пазарот на трудот преку саеми за вработување и кариера, работилници, воедно и водење на интернационален центар за кариера.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...