Временска прогноза за викенд

440

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и малку потопло. Кон крајот на денот ќе има услови за локална појава на нестабилност пред се во северните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 19 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од западен правец. Кон крајот на денот ќе има услови за локализирана појава на нестабилност. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе достигне до 27 степени.

loading...

Image result for sunny and a bit warmer

Влажен бран со врнежи од дожд ќе започне да преминува преку земјата од недела претпладне. Врнежите на повеќе места ќе бидат поројни проследени со грмежи и можна е и појава на град. Поголеми количества воден талог се очекуваат во планинските делови на северозапад и североисток. Со преминот на влажниот бран ќе дува повремено засилен северозападен ветер најизразен на северот од земјата и вдолж Повардарието каде што ќе достигнува брзина и над 65 км/час. Ова ќе услови ново намалување на дневната температура, во интервал од 5 до 7 степени.

Во понеделник ќе продолжи да дува северен ветер, а од вторник ветерот ќе биде јужен и во понатамошниот период времето се очекува да е променливо, во попладневните делови од денот со појава на нестабилност повремено и со поројни врнежи од дожд и грмежи. Температурата преку денот ќе биде во благ пораст.

loading...