20 реченици со кои се решаваат љубовните караници

6163

Караниците со партнерот не се ништо невообичаено. Сепак, инаетот, лутината и погрешниот избор на зборови можат само дополнително да ја искомплицираат работата. За да спречите вашата караница да прерасне во прекин на врската, пронајдете ги вистинските зборови со кои ќе ги „смирите страстите“.

Сред караница многу е тешко да прекинете. Но, ако навистина сакате да ја смирите ситуацијата, морате да размислите за она што ќе изговорите, бидејќи само така можете да ги решите несогласувањата.

Погледнете 20 фрази кои треба најчесто да ги искористите во екот на караницата за среќен крај:

  • Обиди се да се ставиш во моја позиција.
  • Чекај, сепак малку претерав.
  • Не барам од тебе да го решиш мојот проблем, но полесно ми е кога имам на кого да му го кажам.
  • Те молам сослушај ме до крај, ова ми е многу важно.
  • Гледам дека навистина си во тешка ситуација.
  • Имаш право, не размислував за тоа на тој начин.
  • Можеби не сум во право.
  • ОК. Ајде да се сложиме и доколку не се сложуваме во врска со тоа.
  • Тоа не е само твој проблем, тоа е наш проблем.
  • Мислам дека ти воопшто не го цениш моето мислење.
  • Тоа повеќе не е тема за расправање.
  • ОК, ме убеди.
  • Те молам разговарај со мене.
  • Знам дека не си ти виновен/на.
  • Не сакав така да испадне.
  • Добро, и јас сум виновен/на.
  • Што да направам да ја подобрам ситуацијата?
  • Зошто воопшто се караме за тоа?
  • Извини!
  • Те сакам!
loading...