4 големи мита за минералната вода во кои мора да престанете да верувате

5894
Booking.com INT

Минералната вода е намирница која предизвикува спротивни ставови.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Некои ја сметаат лековита, додека други веруваат дека водата со меурчиња не е толку здрава како обичната вода.

Истражувањата срушиле 4 големи мита за минералната вода – дознајте што е вистината.

1. Мит: Минералната вода не хидратизира како обичната вода

Се сметало дека јаглерод диоксидот во минералната вода го спречува телото од апсорпција на влагата од минералната вода, но истражувањето покажало дека тоа не е точно. Всушност, една студија заклучила дека минералната вода, подеднакво ги освежила вежбачите по интензивното вежбање како и обичната вода.

2. Мит: Минералната вода е штетна за забите и за коските

Јаглеродната киселина, која настанува кога ќе се спојат водата и јаглерод диоксидот, може да наштети на забната глеѓ, но тоа да се случи би требало секој ден да пиете големи количини минерална вода (околу 6 литри). Покрај тоа, студијата, која ја испитувала врската помеѓу пијалоците со меурчиња и намалувањето на густината на коските кај жените, сите видови на минерална вода добиле зелено светло.

3. Мит: Минералнта вода не е толку добар помошник во губењето на тежината, како обичната вода

Минералнта вода може да предизвика привремена надуеност и, на долг рок, тоа може да има позитивен ефект врз вашата фигура. Истражувањата покажале дека минералната вода уште поефикасно создава чувство на ситост од обичната вода, особено ако се пие на празен стомак, што значи дека е одличен помошник во губењето на тежината. Само избегнувајте ги верзиите на минерална вода со вештачки засладувачи кои, всушност, можат да ја зголемат желбата за слатки.

Ако ѝ додадете на обичната вода една здрава состојка можете да добиете супер здрав пијалок.

4. Мит: Минералната вода предизвикува горушица

Минералната вода нема да предизвика горушица, но може да ја подобри постојната горушица, заради што во тој случај е подобро да се избегне, односно да се пие само обична вода, особено со храна. Минералната вода не е добра за горушицата, бидејќи меурчињата од минералната вода го опуштаат долниот отвор на хранопроводникот со што на желудочната киселина и е полесно да се врати во хранопроводот која потоа предизвикува горушица.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...