4 работи кои никогаш не треба да ѝ ги правите на вашата вагина!

3478

Што и да правите, ова не го правете никогаш!

Не ја изложувајте на пареа

Мора да сте слушнале за “советите” на актерката Гвинет Палтроу кои ги давала на жените, а кои се однесувле на парењето на вагината. Славната глумица препорачувала дека ова е еден од најдобрите начини за чистење на вагината. Па, дараги дами, вагината не е тепих или било кој друг материјал на кои им е потребно чистење под пареа. Уште повеќе, со ваква практики може да се испечете таму долу, а тоа со сигурно не ви е целта!

Зимање лекови на своја рака никогаш не се препорачува

loading...

Вагиналните креми и тамоните против габични инфекции, кои може да се земат без рецепт, се само некои од работите кон кои жените прибегнуваат.

Сепак, никогаш не зимајте лекови на своја рака. Кога станува збор за здравјето на вагината, секогаш консултирајте се со вашиот гинеколог.

Вметнување нехигиенски страни тела секогаш е лоша идеја

Веќе ви е познато што смее да влезе во вагината: тампони, прсти, сексни играчки, пенис, лубриканти,средства за контрацепција и менструална чашка. На крајот, сето сѐ сведува на здравиот разум и личните навики. Секс играчките, дијафрагмаите и менструалните чашки треба да се мијат по секоја употреба.

Сè друго (краставици, банани и фалусоидните уреди кои ги имате во кујната) треба да се држат подалеку од вагината. Дури и ако ги “измиете во седум вода”, нивната текстура може да предизвика иритација.

Плакнење

Веројатно веќе знаете, но да повториме – никогаш не ја плакнете внатрешноста на вагината со гелови за туширање и слични производи врз база на сапун. Поради овие производи вагината може да стане осетлива на инфекции. Благодарение на бактериите кои природно се наоѓаат во вагината, може да се каже дека тие го вршат нејзиното чистењето.

Кога вагината е во допир со геловите за туширање и слични производи за лична хигиена, тогаш и нејзината природна средина се менува од нормална кисела до неутрална, а со тоа и самата вагина ја губи својата способност да се заштити од бактерии.

Се разбира, тоа не значи дека работите треба да се остават на случајот – топла вода и обичен сапун без мирис се најдобриот начин за чистење на вагината, но само на нејзината надворешност.

loading...