5 грешки кои нашиот мозок ги повторува секојдневно

366

Без оглед на тоа што нашиот мозок е најсовршен и најсложен орган во нашето тело се чини дека неговата работа не е баш само да не однесе до целта. Оваа совршена машина е под влијание на секое искуство и мотивација што нè опкружува. Како резултат на ова е дека нашиот мозок секојдневно прави мали грешки.

Ве запознаваме со овие мали грешки со цел да ги препознаете и можеби реагирате на време:

1. Секогаш се фокусираме на негативната страна

loading...

Психолозите тврдат дека човечкиот мозок е програмиран да открие секакво негативно влијание околу нас. Нашиот мозок е постојано во потрага по потенцијални закани, а кога ќе најде една, мозокот станува опседнат со заканата. Резултатот на тоа е дека сме ја изгубиле вистинската перцепција на светот околу нас, кој всушност е полн со бескрајни позитивни работи.

2. Насекаде гледаме примероци

Класична грешка во нашите размислување е т.н. Тип 1 грешка. Мозокот заклучува дека неточната теза е точна, обично така што прави ирелевантна поврзаност на причината и последицата. Тоа е причината зошто сакаме случајности! Овој начин на размислување ни помага да се избегнат потенцијалните ризици.

3. Не гледаме она што ни е пред очи

По многу истражувања и експериментирања, истражувачите од Харвард и Националниот универзитет во Кент утврдиле дека човекот е многу селективен према она што гледа и уочува околу себе. Често се потпираме на нашата меморија, а тоа во голема мера ја намалува способноста да го видиме светот низ нашите очи.

4. Имаме тенденција да избегнуваме било какви противречности

Нашиот мозок не толерира конфликти и прави се да ги избегне. Од таа причина, ние претпочитаме луѓе и ситуации кои се во согласност со нашите размислувања, како би ги зајакнале нашите верувања. Тоа е т.н. “потврда на пристрасност”, која нѐ фрла во потрага за информации што ги потврдува нашите ставови, а ги отфрламе информациите кои не ги потврдуваат нашите ставови.

5. Строги сме према себе

Имаме вродена тенденција да ги потенцираме нашите грешки и недостатоци, верувајќи дека другите околу нас ги гледаат и набљудуваат. Ова е “ефектот на светлината” како го нарекуваат психолозите. Овој феномен се карактеризира со склоност на една личност да се фокусира на своите недостатоци посилно од она што другите го прават.

loading...