5 најздрави пијалоци на сите времиња

7281

Пијалаците се неопходни за организмот, бидејќи ја обезбедуваат потребната содржина на вода и го одржуваат нашето тело хидрирано.

Еве ги петте најздрави пијалоци на сите времиња, кои, во исто време, имаат добар вкус и обезбедуваат голем број здравствени придобивки.

Зелен чај

Зелениот чај е еден од најздравите пијалоци во светот. Тој е неприкосновен крал на сите пијалаци, бидејќи сеопфатно го лечи телото. Истражувањата покажуваат дека зелениот чај лечи главоболка, го подобрува расположението, го намалува холестеролот, го подобрува имунолошкиот систем и здравјето на кардиоваскуларниот систем, го спречува развојот на ревматоиден артритис и богат е со антиоксиданси кои го спречуваат настанувањето на ракот.

Вода

Водата не само што е најдобар пијалок за гаснење на жедта, туку е на топ листата на најздравите пијалоци. Ова, наизглед, немоќен пијалок ја помага апсорпцијата на хранливи материи од храната, ги пренесува хранливите материи до сите делови на телото, ја одржува функцијата на цревата и помага во ослободувањето на токсините од организмот.

Сок од јаболко

Свежиот сок од јаболко, за разлика од преработените верзии кои содржат конзерванси, одличен е за телото и умот. Овој пијалок го намалува нивото на лошиот холестерол, го помага здравјето на срцето, помага во губење на телесната тежина, ја намалува сериозноста на артритисот и ревматските заболувања, го подобрува здравјето на цревата, врши детоксикација на бубрезите и црниот дроб, го намалува ризикот од рак и одличен е за белите дробови. Покрај тоа, свежиот сок од јаболко го намалува ризикот од анемија кај бремените жени и ја подобрува на мозочната моќ.

Сок од цвекло

Конзумирањето на сок од цвекло ги намалува проблемите како што се акните, сувата кожа и првутот. Исто така, овој сок ја подобрува издржливоста, ја лекува анемијата, го зголемува имунитетот, ја подобрува отпорноста на разни болести, ги чисти бубрезите и црниот дроб, го намалува запекот, ја подобрува меморијата, под контрола го држи високиот крвен притисок и ја лекува жолтицата.

Црвено вино

red wine

Кога станува збор за здравствените придобивки, црвеното вино е вистински волшебник. Тоа содржи многу антиоксиданси што една чаша на ден спречува рак, ги намалува штетните ефекти на пушењето, го подобрува здравјето на срцето, го спречува згрутчувањето на крвта, го намалува ризикот од Алцхајмерова болест, ја подобрува функцијата на мозокот и ја намалува хипертензијата.

loading...