5 најчести грешки кои ги правиме кога поховаме месо

2437

Евтините парчиња месо се идеални за поховање, но притоа треба да се знае дека добар вкус ќе имаат само оние парчиња кои претходно сте ги омекнале.

Совршено поховано парче има крцкава корка и добро печено, но со сочна внатрешност. За да постигнеме такво ниво на вкус треба да се избегнат овие грешки:

  • Поховано месо од различна дебелина и големина

На поголемите парчиња месо им е потребно подолго време за термичка обработка од помалите. Па баш поради тоа треба да се избегне истовремено пржење парчиња месо од различна големина и дебелина (на пр. пилешки гради и карабатаци) во иста тава и вадење во исто време. Во спротивно, едно парче месо ќе пресушиме, додека другите ќе останат крвави. Наместо тоа, најдобро би било месото да се исече со иста дебелина.

loading...

  • Да не заборавиме на чеканот за месо

Евтините парчиња месо се идеални за поховање, но притоа треба да се знае дека добар вкус ќе имаат само оние парчиња кои претходно сте ги омекнале. Не е важно колку тенки парчиња месо сте купиле, дополнително намалете ги со чекан за месо или можете да користите некој друг предмет. На овој начин ќе бидете сигурни дека месото ќе биде добро печено.

  • Поховаме месо што сме го извадиле од фрижидер

Ако ладно и влажно парче месо ставиме во загреана тава ќе предизвикате прскање на маслото на сите страни, а со тоа ќе се намали можноста за печење крцкав стек. Месото треба да се извади од фрижидер половина час пред панирање, и задолжително да се исуши со хартиена крпа пред да се стави во смесата од јајца, брашно и лебните трошки. На тој начин ќе се спречи одвојувањето на панираната обвивка од месото кога ќе го ставите во жешката тава.

  • Штедиме на трошки

Стекот за да има вкусна и крцкава обвивка, потребно е да се натопи во панираните миродии неколку пати. Бидете детални и покријте го со јајца, брашно и лебните трошки секој дел од површината на стекот, и така загарантирајте си незаборавно гастрономско уживање. Не двоумете се, трошките леб втиснете ги појако во површината на месото.

  • Не ги заборавајте зачините

Ако протриете нешто сол во месото пред панирањето, можно е крајниот производ да не биде доволно зачинет. Посолете ги јајцата и брашното, а во лебните трошки можете да додадете малку сечкани зачински билки и така на стекот ќе му дадете дополнителна доза на вкус.

Совет плус

Да не заборавите печеното месо да го ставите на хартиена крпа за да се впие вишокот маснотии.

loading...